181
27 shares, 181 points

Во оваа старосна категорија станува интересно за купувачите што умеат да препознаат добар користен автомобил. Остануваат уште многу години за возење, цената е преполовена во споредба со ново возило. Некои модели не можат да задржат ниту половина од цената, а причината за тоа може да се открие на крајот на табелата. Извештај на ТУВ за возила меѓу 4 и 5 години.

Мудрите купувачи на користен автомобил избираат во оваа старосна категорија. Можеби тоа нема да биде најголемиот автомобил за парите, но во секој случај постои извесна сигурност дека техничката состојба на возилото ќе се задржи барем во следните неколку години. Останува простор и за повторна продажба на возилото, со неговото одржување се одржува и инвестицијата.

Познати модели и марки се појавуваат на врвот на табелата. Шампионот B-Class котираше високо и во помладата категорија на возила меѓу 2 и 3 години, заедно со плејбојскиот Mercedes SLK или GLK. Кај Mazda има смена на најдобро пласираниот модел на марката. Компактниот теренец CX-5 е на третото место, додека Mazda 2 следи на 16-то место.

Премиум марките тука се докажуваат со квалитетот и издржливоста, нивните возила во ова годиште практично се нови. Се менуваат наизменично Mercedes, Audi, Mercedes… Најдобро пласираниот модел на BMW и натаму е X1 на 17-то место, додека серијата 5 и теренските X5 / X6 повторно остануваат поблиску до опашот, отколку до главата.

Тоа што е добро за триото Citigo / Mii / Up е лошо за вановите Alhambra и Sharan

Кога основата е добра, сите автомобили на истата основа ќе бидат добри. Тоа се однесува на градското трио Skoda Citigo / Seat Mii / Volkswagen Up, кои се наоѓаат во „најзелената“, но најзрела група во поглед на општиот квалитет. Toyota повторно одржува стандард во издржливоста и во оваа старосна категорија, без разлика дали станува збор за градскиот Yaris или за лимузинскиот Avensis.

Тоа што е добро за Citigo, Mii и Up, дотолку е полошо за Seat Alhambra и Volkswagen Sharan. Двата модела ја делат платформата, но ги делат и слабостите, вклучувајќи ги последните места во табелата. Корејската двојка Hyundai i30 и Kia Ceed докажува дека квалитетот на возилата не е случајност. Обата модела се блиску и само на чекор од најлошата група. Седумгодишната гаранција, инаку, трае.

Peugeot 206 го дели последното место со Dacia Logan. На секои десет примероци, два имаат дефект што влијае врз безбедноста во возењето. Притоа, сопствениците на Dacia Logan во просек возеле по 30.000 километри повеќе отколку возачите на францускиот модел, кој стана и историски најпродаван модел на марката.

И, резултатите:

Извештај на ТУВ за возила во старосна категорија меѓу 4 и 5 години

[tie_slideshow]

[tie_slide]

извештај на тув 4-5 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 4-5 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 4-5 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 4-5 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 4-5 5

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
27 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *