за

Извештај на ТУВ: Најдобри и најлоши модели меѓу 2 и 3 години

извештај на тув mazda 2

Погодете на која позиција се наоѓа вашиот фаворит – за врвот или за дното на табелата. Над 120 модели се наоѓаат во најмладата категорија возила што ја оценуваат експертите за технички преглед на германскиот ТУВ. Според индексот на дефекти, најлошите модели имаат шестпати поголема шанса за дефект, отколку најдобро пласираните модели. Извештај на ТУВ за возила стари меѓу 2 и 3 години, кој може да биде корисен и за купувачите на нов автомобил.

Во најмладата категорија автомобили во извештајот на ТУВ, практично се потврдуваат квалитетот и издржливоста на постоечките модели. Мајсторите порано кажуваа една мудрост: Тоа што не се расипало во првите години, нема да се расипе ниту во следните неколку години. Во мала мера, тоа може да важи и денес, иако фабричките грешки и пропустите во конструкцијата се сведени на нула. Речиси.

Logan, Punto и Sportage последни во овој извештај на ТУВ за возила стари меѓу 2 и 3 години

Последната тројка во оваа категорија, сочинета од Dacia Logan, Fiat Punto и Kia Sportage, покажува дека конструирањето и производството на автомобили уште кријат многу мистерии за некои автомобилски марки. Кај едно од секои десет возила од овие модели, контролорите пронашле неисправност што ја нарушува безбедноста во возењето. Со индекс над 12, шансата да постои или да се појави дефект кај овие модели е шестпати поголема отколку кај најдобрите модели во категоријата.

Тоа што на врвот се наоѓа родстерот Mercedes SLK е од мала корист за купувачите што бараат семеен и издржлив автомобил, кој ќе ја оправда инвестицијата, без разлика дали се работи за нов или неколку години стар автомобил. Но, веднаш по него следат два интересни модела, обата ванови, или барем блиску до тоа. Volkswagen Golf Sportsvan и Mercedes B-Class се следат во чекор, иако спаѓаат во различни ценовни класи.

Mercedes GLK има идентичен индекс со B-Class, но овој податок повеќе ќе им користи на потенцијалните купувачи од салон. Големиот пазарен интерес за теренци ја држи високо цената на GLK, иако во меѓувреме се случи моделска смена со денешниот GLC.

Извештајот на ТУВ влијае и во одредувањето на цените на моделите на пазарот на користени возила – тука станува јасно зошто некои модели се многу поевтини од останатите

Неколку модели се пријатно изненадување на врвот. Mazda 2 е фантастично високо пласирана за класата во којашто припаѓа, додека Opel Mokka е светлосни години далеку од останатите модели од марката. Ова е веројатно последниот модел произведен со квалитетот што Opel го имаше во своите најдобри времиња. Драстичен напредок има и кај актуелниот Mercedes M-Class, во споредба со првата генерација, којашто имаше сериозни проблеми со квалитетот на изработката. Моментно BMW X5/X6 е тој што мора итно на сервис. Катастрофален е резултатот и за серијата 5.

Ловците на добри понуди за бизнис-лимузина ќе се израдуваат на високиот, но не и неочекуван пласман на Audi A6. Во оваа старосна категорија се случува вртоглав пад на вредноста на автомобилите од вишата средна класа. Мудрите купувачи го знаат тоа. Toyota не е на врвот, но затоа речиси целата моделска понуда е наредена едно по друго на само една четвртина скалило до врвот. Без разлика дали се работи за Yaris или RAV4, Toyota  е Toyota. Тоа многу кажува за квалитетот на јапонската марка.

Освен моделите на BMW, кои котираат разочарувачки слабо во поглед на издржливоста, изненадува и слабиот пласман на Kia Ceed и Sportage, Volkswagen CC и Ford S-Max.

Без многу мудрување, ова се резултатите за автомобилите стари меѓу 2 и 3 години:

[tie_slideshow]

[tie_slide]

извештај на тув 2-3 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 2-3 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 2-3 3

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 2-3 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

извештај на тув 2-3 5

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

извештај на тув mercedes slk

Извештај на ТУВ: Ова се најрасипливите и најиздржливите автомобили

rac p-51 рачни часовници mustang

Рачни часовници од делови од стар Mustang