129
92 shares, 129 points

На пазарот постојано се воведуваат нови концепти на возила, коишто треба да понудат нешто подобро од постоечките. Но, некогаш може да се работи само за обично замачкување на очите. Кој е чесниот во оваа споредба, Cactus или Vitara?

Купеа со четири врати, теренци изградени на основа на градски автомобил, компакти со комби каросерија и тристотини коњски сили, па дури и лимузини што возат по терен – производителите не оставаат простор за некоја желба на купувачите да остане неисполнета. Можни се секакви вкрстувања меѓу најразлични каросериски и погонски концепти. Треба само да се понуди тоа што дотогаш не било понудено, а купувачи ќе се најдат сигурно. Индустријата може да изведе буквално сé. Платформската стратегија, односно користењето заеднички компоненти и групи им овозможува на производителите лесно и брзо да изведат нови модели, место да развиваат и тестираат комплетно нови возила. Разликата меѓу навидум радикално спротивни моделски концепти, без исклучок се сведува на надворешната обвивка, на амбалажата. „Душата“ останува иста. Купувачот можеби е убеден дека вози теренец, како на пример Opel Mokka, а тоа што работи оздола е само Corsa. Поважно е човек да се покаже пред другите во својот теренски автомобил, отколку навистина да се ужива во изборот на автомобил. Форма на егзибиционизам, инаку.

Главната иновација на Citroen се воздушните браници што штитат од вообичаените гребаници во секојдневието. Но, дали тоа е достојно за името Citroen?
Главната иновација на Citroen се воздушните браници што штитат од вообичаените гребаници во секојдневието. Но, дали тоа е достојно за името Citroen?

Некогаш авангардната марка Citroen веќе подолго време се обидува безуспешно да го врати стариот имиџ од времето на генијалецот Андре Ситроен со нови концепти на возила. Последниот обид е моделот C4 Cactus. Но, место хидропневматика и светла што се вртат во свијоци (DS), иновативни каросериски и погонски решенија (Traction Avant) или техника што е достапна за најширокиот круг купувачи (2CV), тоа што C4 Cactus го нуди како главен новитет се „воздушните браници“, чијашто функција е да ги заштитат страниците на каросеријата од гребење при маневрирање на паркинг. Во тој поглед, Cactus ниту оддалеку не ги достигнува легендарните модели на Citroen.

Келнерска математика на Citroen: Надвор пишува C4, но под амбалажата се крие само C3

Но, што всушност е Cactus. Иако во ознаката на моделот се навестува негова припадност во семејството на компактот C4, станува збор за автомобил што како основа го користи помалиот модел C3. Исто како што „2008“ од марката сестра Peugeot е кросовер изведен од „208“, со благ теренски акцент, така и Cactus е кросовер од C3, позициониран како урбан кросовер. Во моделското семејство на C3, „кактусот“ е само алтернативна верзија на C3 Picasso, којашто во променетите услови во сегментот треба да привлече повеќе купувачи отколку што во тоа успеа класичниот ван со името на големиот сликар. Според тоа, Cactus во основата чини околу 10.000 евра, но со стилските додатоци инстантно „поскапува“ за уште половината од цената на C3. Премаскираниот градски автомобил на Citroen стартува од 13.490 евра, односно 14.990 евра во „реалната“ моделска верзија со клима уред во нивото Feel.

Новата Vitara се префрли едно скалило подолу и конкурира во  класата кадешто постои огромен пораст во продажбата
Новата Vitara се префрли едно скалило подолу, кадешто има огромен пораст во продажбата. Цената е огромно изненадување

Со тоа C4 Cactus влегува во ценовниот сегмент каде што сите производители веќе напаѓаат со сериозни концепти. Пристигањето на новиот Citroen се поклопи со стартот на уште еден нов модел на македонскиот пазар, Suzuki Vitara. Неговиот старт е 14.980 евра, со вообичаеното богато ниво на опрема на јапонската марка. Тоа е одличен повод за споредба на обата концепта, на „иновативниот“ Citroen против трендовскиот Suzuki. Во споредба со претходникот, новата Vitara е полесна, покомпактна, поштедлива, и секако, поевтина, со јасен концепт на теренско возило од новата генерација, без скриени или лажни пораки, со богати можности за индивидуализација и со свежа појава. Чесна и искрена понуда, во типичен манир на Suzuki.

Три цилиндри и 82 КС на Citroen против четири цилиндри и 120 КС на Citroen

Во поглед на моторот, станува збор за два различни света. Додека Французинот вози со трицилиндарски мотор со зафатнина од 1,2 литар и моќност од 82 КС, Suzuki настапува во друга класа, со четирицилиндарски 1,6-литарец со 120 КС. Секако дека и во вртежниот момент, којшто во основата треба да понуди „течно“ возење, споредбата исто така оди на страната на јапонскиот новитет, со 156 њутнметри наспроти 118 њутнметри. Во овој поглед, на Citroen и буквално му недостига еден цилиндар во споредбава.

Под хаубата на Vitara работи 1,6-литарецот од кросоверот SX4 S-Cross. Во понуда има и дизел мотор од 1,6 литар
Под хаубата на Vitara работи 1,6-литарецот од кросоверот SX4 S-Cross. Во понуда има и дизел мотор од 1,6 литар

Тоа што фабриката го декларира како просечна потрошувачка од 4,6 литри за францускиот мотор, реалноста го надминува најмалку за уште половина од врдноста. Факт е дека со слабиот мотор, којшто е конструиран првенствено да покаже фиктивно ниска потрошувачка на гориво на пробна рампа и да ја спушти емисијата на СО2 на Французите, заради избегнување пенали пред Европската Комисија, секое излегување на автопат го напрега моторот до крајниот потенцијал, што повторно ќе се рефлектира во потрошувачката на гориво.

Штедливиот систем старт-стоп се нуди стандардно во Suzuki

Наспроти тоа, моторот со солидна работна зафатнина во Suzuki Vitara работи порелаксирано во сите услови на возење и останува поблиску до фабрички декларираната вредност од 5,3 литри. Секако дека овој мотор треба да располага со доволен капацитет и за верзијата на новата Vitara со погон на сите тркала, па оттаму доаѓа и големата „резерва“ во способноста за повлекување. Станува збор за мотор што потекнува од кросоверот Suzuki SX4 S-Cross, покрај дизелот што исто така располага со зафатнина од 1,6 литар. Не е толку безначаен и фактот дека Suzuki стандардно се испорачува со систем старт-стоп, којшто ја намалува потрошувачката во град и до дваесетина проценти, додека Citroen го нуди овој систем единствено во скапата моделска верзија со роботизиран менувач.

Citroen Cactus во техниката е речиси идентичен со Peugeot 2008. Основата е Citroen C3, односно Peugeot 208

Во поглед на големината на каросеријата, Suzuki повторно е во предност. Во должината има незначителна разлика, во ширината се појавува веќе значителна предност од 4,5 сантиметри, додека во висината, Suzuki оди уште 12 сантиметри погоре. Vitara, сепак е спортски теренец од компакт класата, па со тоа ги нуди и сите просторни придобивки од концептот. Во поглед на просторноста на кабината и рационалното искористување на просторот, нема споредба меѓу Vitara и Cactus, иако францускиот кросовер се „обидува“ да го надомести заостатокот со меѓуоскино растојание подолго за 9,5 сантиметри. Јапонецот нуди повеќе простор и во багажникот, со 375 наспроти 358 литри, при што секако треба да се земе во предвид дека товарањето и пристапноста до багажниот простор се значително подобри кај Vitara.

Разлика од 110 килограми: Теренецот мора да носи повеќе „метал“ на себе

На крајот доаѓа и споредбата на перформансите. Со 82 КС и три цилиндри, Citroen забрзува до сто за 12,9 секунди и постигнува крајна брзина од 169 километри на час, додека вредностите на Suzuki се 11,5 секунди и 180 километри на час. Основата на C4 Cactus повторно се покажува во тежината на каросеријата. Додека францускиот модел има празна тежина од 1.040 килограми, Vitara покажува на вага 110 килограми повеќе. Нејзината каросерија сепак е подложена на поголеми оптоварувања при теренските излети, па отаму има и повеќе „метал“ во неа. Предноста во носивоста исто така е огромна. Suzuki смее да понесе на грб 580 килограми, наспроти Citroen чија што дозволена носивост изнесува дури 120 килограми помалку. Во секој случај, станува збор за споредба на два различни концепти и вродената предност на концептот на теренец наспроти концептот на урбан кросовер.

Најголемиот дел од стилските и функционалните детали во Citroen C4 Cactus се достапни само во најскапите моделски изведби со цена од околу 20.000 евра
Најголемиот дел од стилските и функционалните детали во Citroen C4 Cactus се достапни само во најскапите моделски изведби со цена од околу 20.000 евра

Противвредноста јасно оди во прилог на јапонскиот модел. Но, можеби Cactus ќе успее да се врати во игра со нивото на опременост? Обата модела тука се на исто рамниште, со мали отстапувања во детали. Клима уред, радио со команди на волан, приклучок USB и блутут се стандард. Тоа што недостига кај Cactus е споменатиот систем старт-стоп, можност за дотерување на воланот по длабочина, висинско местење на совозачкото седиште, аларм, исто како и воздушна перница за колената на возачот и задржување на возилото при поаѓање на нагорнина.

Неретко се случува токму опременоста да решава за изборот на идниот автомобил – доколку станува збор за конкуренти што се рамноправни во сите други категории. Концептот на трендовскиот и солидно конструиран Suzuki Vitara тука се покажува супериорен во секој поглед над урбаниот кросовер Citroen C4 Cactus, чиишто „револуционерни“ воздушни браници се сепак премногу безначајни во автомобилското секојдневие, за купувачите да го погледнат по вторпат при изборот.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Citroen C4 Cactus Feel Suzuki Vitara 1.6 GL
Цена (во евра) 14990 14980
     
Мотор 3 цилиндри 4 цилиндри
Зафатнина [ccm] 1199 1586
Моќност [КС/min] 82 / 5750 120 / 6000
Вртежен момент [Nm/min] 118 / 2750 156 / 4400
     
Погон и пренос Погон напред, 5-степен мануелен менувач Погон напред, 5-степен мануелен менувач
     
Перформанси    
Крајна брзина [km/h] 169 180
0-100 km/h [s] 12,9 11,5
     
Потрошувачка на гориво [L/100 km]    
Град 5,6 6,3
Пат 4,0 4,8
Просек 4,6 5,3
Емисија на СО2 [g/km] 107 123
Резервоар [L] 50 47
     
Подвозје    
Водење на тркала напред Псеудо мекферсон Независно, триаголни водилки, мекферсон
Водење на тркала назад Торзиска оска Торзиска оска со спирални пружини
Гуми и бандажи 205/55 R 16 80S 215/60 R16 95H, 6,5Jx16”
Сопирачки напред/назад Диск, барабан Вент. диск, диск
     
Багажник [L] 358/1170 375/1120
     
Димензии и тежини    
Должина [mm] 4157 4175
Ширина [mm] 1729 1775
Висина [mm] 1490 1610
Меѓуоскино растојание [mm] 2595 2500
Растојание од подлога [mm]   185
Круг на вртење [m] 10,9 10,4
Празно возило [kg] 1040 1150
Дозволена тежина [kg] 1500 1730

 

СЕРИСКА ОПРЕМЕНОСТ Citroen C4 Cactus Feel Suzuki Vitara 1.6 GL
Цена (во евра) 14990 14980
     
Систем старт-стоп Да
Команди за радио на волан Да Да
Местење на волан по висина и длабочина Да / – Да / Да
Клима уред Да Да
Воздушни перници 6 7
Контрола на стабилност / Хил Холд Да / – Да / Да
Радио / приклучок УСБ Да / Да Да / Да
Блутут Да Да
Висинско местење на возачко / совозачко седиште Да / – Да / Да
Централна брава со далечинско Да Да
Електрика на ретровизори Да Да
Електрика на предни прозорци Да Да
Патен компјутер Да Да
Поделена задна клупа Да Да
Аларм Да
Резервно тркало Да (сет за поправка)

Like it? Share with your friends!

129
92 shares, 129 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730