138
19 shares, 138 points

Препумпани гуми и облепени фуги на каросеријата. Тоа е само дел од триковите кои производителите ги измислуваат постојано за прикажаната потрошувачка на гориво да биде колку е можно пониска

Веќе одамна свикнавме на тоа дека потрошувачката што производителите ја прикажуваат за нивните возила е недостижна во реалноста. За многумина купувачи, овие вредности се причина за купување на возилото. Но, вредностите се сосема неточни.

Според европската организација за животна средина Т&Е, разликата меѓу вредностите во каталозите и во реалноста во 2001 година изнесувала 7 проценти, а денес таа е зголемена на дури 23 проценти

probna rampa
Законската рамка остава премногу празен простор за слободна игра на производителите. Институциите бараат воведување на нови и пореални норми

Постојат повеќе објаснувања за растечката разлика. Едната од нив: Новите возила се опремени богато. Таа опрема за зголемување на комфорот и на безбедноста троши струја и ја зголемува тежината на возилото, но од друга страна, истата таа опрема не се наоѓа и во возилата со кои што се мери фабричката потрошувачка на гориво.

Покрај тоа, самото тестирање на пробна рампа е крајно нереално, со бавно забрзување и без надминување на 120 километри на час. Системите старт-стоп имаат преценета улога во одредувањето на потрошувачката, затоа што со нив автомобилот мирува во 20 проценти од времето на тестирање. Ситуацијата со овие системи во секојдневието е далеку поразлична. При работа во место, просечен мотор троши околу половина литар гориво – на час!

Подвозјето и сопирачките не се исти како во сериските модели

Производителите, секако, користат цела низа трикови, кои се движат во рамките на прописите, но сосема е јасно дека и тие се полни со дупки. Потрошувачката на гориво официјално се одредува во реално возење, по кое што следува лабораториски тест од независен институт. Возењето на отворено служи првенствено за одредување на отпорот на воздух и на отпорот на тркалање на гумите. Тие се неопходни за потоа да се програмира пробната рампа во лабораторијата.

За да постигнат колку е можно пониски вредности, возилата се тестираат на локации со висока температура на воздухот и со низок воздушен притисок. Пред возењето се отстранува секој вишок тежина, се полни специјално лесноодно масло во моторот и гумите со намален отпор на триење се пумпаат до максимум, за отпорот дополнително да се намали.

Некои производители лепат и фолии врз фугите на каросеријата, заради подобрување на аеродинамиката. Промени се вршат и во подвојзето и во сопирачките, со единствена цел потрошувачката на гориво да се намали, без потреба од земање во предвид на комфорот на патниците и безбедноста во возењето.

Производителите ги избираат лабораториите за тестирање

Трикови се прават и на самата пробна рамка. Институтите што ги вршат тестирањата се формално независни, но се платени од производителите. Тие решаваат дали следното тестирање ќе го направат во истиот институт. Тука е сосема јасна логиката.

Еден од најпопуларните трикови е откачување на алтернаторот за струја од моторот. Ако тоа се направи во реални услови, автомобилот ќе запре по некое време поради празнење на акумулаторот. Но, возењето на пробна рампа не трае толку долго. Се вршат зафати и во електрониката на моторот, исто како и во самиот мотор, на пример со полнење специјално лесноодно масло.

Мерните толеранции се посебна приказна. Производителите можат паушално да ја намалат постигнатата вредност за четири проценти, пред нејзиното внесување во официјалните документи. Со збирот на сите трикови, на крајот се добива вредности што е за 19 до 28 проценти пониска од реалната.

Европската организација за заштита на животната средина бара итно менување на нормата на тестирање и нејзино приближување до реалноста, исто како и воведување на построги контроли на резултатите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743