за

Зошто згаснуваат автомобилските марки?

Од 2000-та година преку десет автомобилски марки исчезнаа од европскиот пазар. Proton, Saab, Daewoo, Maybach, Lancia … најразновидни причини доведоа до крајот на овие марки.

Последна во низата на марки со долга историја и неславна судбина е Lancia. Низ цели два века автомобилскиот свет ја следеше нејзината борба за преживување. Неодамна Италијанците објавија дека нивната традициска марка ќе се продава само на домашниот пазар. Но, Lancia е само една од многуте марки што исчезнаа од сцената во последните години. Кај некои марки и натаму е неразјаснето нивното згаснување, додека кај некои други марки никој и не го забележа нивниот крај, затоа што сите им ги заборавија моделите.

Марката што е синоним за напредна технологија и возбудлив дизајн веќе одамна престана да постои. Lancia Thema е само премаскиран Chrysler 300C со знак на италијанската марка
Марката што е синоним за напредна технологија и возбудлив дизајн веќе одамна престана да постои. Lancia Thema е само премаскиран Chrysler 300C со знак на италијанската марка

Најразлични се причините што доведоа до згаснување на автомобилските марки. Во некои случаи, потенцијалните купувачи ги заобиколуваа нивните продажни салони, во други случаи стануваше збор за менаџери желни за слава, но со слаба претстава за реалоста, во трети случаи, пак, моделите стануваа премногу здодевни за купувачите.

Името Proton асоцира најмногу на некој детергент, а доаѓа како кратенка од Perusahaan Otomobil Nasional или национално автомобилско претпријатие. Оваа марка од Малезија стартуваше на европскиот пазар во средината на 1990-те години. Петгодишната гаранција требаше да биде главен адут на марката што лиценцно ги произведуваше старите модели на Mitsubishi. Идејата пропадна и Proton исчезна од поголемиот дел од Европа во почетокот на новиот милениум. Најголемиот проблем на марката: Нејзините модели беа премногу обични. Никој повеќе не се сеќава на нив. Згора на тоа, моделите имаа неинспиративни ознаки, како Proton 300 и 400.

Малезиската марка Proton имаше добра идеја да го освои пазарот со широкоград гаранциски пакет. Но, автомобилите беа премногу обични
Малезиската марка Proton имаше добра идеја да го освои пазарот со широкоград гаранциски пакет. Но, автомобилите беа премногу обични

Марката Saab е тотално спротивен случај. Автомобилите на Швеѓаните отсекогаш беа нешто особено, без разлика што и тие носеа безвучни моделски имиња, како 900, 9000 или 9-3. Saab беше марка за индивидуалисти. Но, потоа марката се најде под капата на general Motors. По почетокот на наводното партнерство со американскиот концерн, марката Saab се изгуби во сопствената сенка. Се произведуваа само неразумно скапи копии на големосериски моделите, како на пример Opel Vectra. Купувачите не сакаа да наседнат на трикот. Подоцна и самиот General Motors се откажа од дотогаш вредната шведска марка. Во 2011 година Saab падна во стечај. Од минатата есен повторно се произведува мала серија од старите модели, но иднината на марката не ветува.

Американците го претворија Saab во Opel со напумпана цена. Купувачите го сфатија трикот навреме
Американците го претворија Saab во Opel со напумпана цена. Купувачите го сфатија трикот навреме

Maybach беше марка што никој не ја бараше

Менаџерите на Lancia есеноска тврдеа дека би било лудост марката да се остави да згасне. Но, марката веќе подолго време не постои. Тоа што некогаш беше синоним за напредна техника и привлечен дизајн, на крајот се претвори во копија на Chrysler со италијанско лого – со исклучок на Ypsilon. Камбекот на Lancia сепак е можен. Името на марката е толку звучно што Италијанците сигурно нема да пропуштат да ја заживеат марката повторно кога ќе дојдат подобри времиња за нив.

Maybach беше само намера на поранешен врвен менаџер на Daimler да се впише во историјата на концернот
Maybach беше само намера на поранешен врвен менаџер на Daimler да се впише во историјата на концернот

Долга историја имаше и Maybach. Но, таа беше веќе долго заборавена, кога Daimler реши да ја врати во живот во 2002 година. Оваа марка никој не ја бараше да се врати. Најголемото разочарување беше дизајнот. Maybach изгледаше како лимузина од класата S да е дотерана во некоја работилница за тјунирање. Последните примероци од Maybach се продадоа во 2013 година. Злите јазици тврдат дека поранешен шеф на концернот го вратил Maybach во живот само за да остави трага од неговото делување.

Глупост на квадрат

Глупост на квадрат – така најдобро се опишува историјата на Daewoo/Chevrolet. Daewoo имаше ист проблем како Proton. Нивните автомобили беа толку обични што ниту ниската цена не можеше да ги спаси од пропаст. Daewoo во почетокот на 1990-те години ни донесе реинкарнација на последната генерација на Opel Kadett. Неколку години подоцна, марката ја презеде General Motors, за во 2005 година Американците да дојдат на идеја да ја прекрстат марката во Chevrolet. Марката што сите ја препознаваа по Matiz и Spark, одненадеж требаше да асоцира на големите американски крстосувачи. Никој не се запали на тоа. До 2016 година Chevrolet целосно ќе исчезне од европскиот пазар.

Големото име Chevrolet не им прилегаше толку добро на автомобилите на Daewoo.
Големото име Chevrolet не им прилегаше толку добро на автомобилите на Daewoo.

Некои марки, пак, премногу се забораваат во нивната долга традиција. Во 1970-те години, марката MG Rover имаше имиџ на мизерен квалитет и застарена техника. Во 1980-те години се појави Honda, како можен спасител на британската марка со долга традиција. На крајот, кормилото го презеде BMW, најавувајќи големи планови. Се појавија новиот Rover 75 и родстерот MG-F. Но, на тоа и се остана. BMW се појави предоцна и реагираше премногу слабо. Во 2000-та година BMW се збогуваше со Rover. Долги години Британците беа ставени на немилост, сé додека не дојдоа Кинезите. Додека автомобилскиот свет ја очекуваше веста за згаснувањето на марката, MG Rover одненадеж пушти глас. Во Велика Британија се нудат нови генерации на модели MG 3 и MG 6 – развиени во Кина.

Премногу готвачи ја расипуваат чорбата. Марката MG на крајот заврши во Кина. Актуелниот MG3 е азиски производ и се продава и на пазарот во  Велика Британија
Премногу готвачи ја расипуваат чорбата. Марката MG на крајот заврши во Кина. Актуелниот MG3 е азиски производ и се продава и на пазарот во Велика Британија

Постојано се појавуваат малечки производители што сакаат парче од колачот. Wiesmann произведуваше луксузни родстери со техника од BMW, Artega имаше идеја да му конкурира на Porsche, додека Fisker сакаше да го освојува светот со своите електрични автомобили. Првата од овие марки никогаш не мрдна од место. Германците пронајдоа празнина на пазарот, ја пополнија, и потоа сакаа да се шират, но тогаш открија дека на пазарот нема место за нив.

Wiesmann најде празнина на пазарот за луксузен родстер со квалитетна техника. Но, откако празнината се пополни повеќе немаше место за Wiesmann
Wiesmann најде празнина на пазарот за луксузен родстер со квалитетна техника. Но, откако празнината се пополни повеќе немаше место за Wiesmann

Artega, пак, се посвети на спортските автомобили, но заборави дека купувачите не се задоволуваат со мотор од Volkswagen во двосед од 100.000 евра. Цел свет слушна за Fisker Karma, но слушна и за финансискиот крах на марката. Производството на еден примерок од Karma чинеше преку 600.000 долари, што најблаго кажано претставува проблем при продажна цена на возилото од 100.000 долари. Во октомври 2013 претпријатието го презедоа кинески инвеститори, а иднината на марката е крајно неизвесна.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американскиот портал Cars.com се продава за три милијарди долари

Dacia подготвува нов суперевтин модел за 5.000 евра