за ,

Женева 2015: Nissan Sway го најавува изгледот на новата Micra

Nissan ја прикажа идејата за нов малечок автомобил преку студијата Sway на салонот во Женева. Од Ford B-Max потекнува идејата за кабина без средишен столб, додека задните врати што се отвораат наназад се инспирирани од Opel Meriva. Маската во форма на V што во меѓувреме прерасна во заштитен знак на Nissan, ја позајмува формата и за сите други каросериски површини. Формата на предните светла со диодна техника и задните светла во форма на бумеранг исто така го најавуваат дизајнот на идните модели на јапонската марка. На тоа се надоврзува и играта со боите, односно сино-сивата боја на кароеријата со сини и портокалови тонови во внатрешноста. Дизајнот на студијата Sway би можеле да го очекуваме веќе кај идната генерација на Nissan Micra, додека идејата со вратите веројатно ќе биде применета кај идниот Note.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претставен новиот Ford Focus RS: Погон на сите тркала и преку 320 КС

Женева 2015: Porsche за тркачка патека и за секој ден