131
18 shares, 131 points

Студија објавена од еден англиски универзитет открива дека дури и слабата дехидрација претставува опасност при возењето исто колку возењето во алкохолизирана состојба.

Научниците на Униветзитетот Лафборо во Англија спроведоа серија тестирања на машки возачи во времетраење од два дена, користејќи симулатор за возење. Додека возачите беа со нормална хидрација се случија 47 сообраќајни незгоди, но откако кај возачите настапи дехидрација, бројот на незгоди се зголеми за повеќе од двојно, односно на дури 101. Според тоа, опасноста од незгода при возење во дехидрирана состојба е исто толку голема колку возењето во алкохолозирана состојба или под влијание на наркотици. Најчестите причини за незгодите беа излетување од патот, задоцнето сопирање, удирање во банкина или преоѓање на спротивната лента.

Професорот Рон Моген, професор за спортска исхрана на Универзитетот Лафборо и претседател на европскиот научен институт за хидрација, воедно и раководител на студијата, ја оценува истата: „Сите се занимаваме со проблемите при возење во алкохолизирана состојба, притоа не земајќи ги во предвид останатите работи што влијаат врз нашата возачка способност, како што се пиењето течности и дехидрацијата.“ Експертот натаму препорачува: „Нема сомнение дека возењето под влијание на алкохол или наркотици ја зголемува опасноста од незгоди, но нашите сознанија укажуваат на оваа скриена опасност и препорачуваат возачите да внимаваат на правилната хидрација за време на возењето.“

Слаба дехидрација има ист ефект како возење под 0,08 проценти алкохол

Европскиот институт за хидрација, како спонзор на истражувањето, советува возачите да примат доволно течности во организмот пред поаѓањето на патување, особено за време на летните месеци. Нивото на дехидрација во студијата беше умерено и се поистоветува со услови кога лицата имаат ограничен пристап до течности во текот на работниот ден.

Џејн Холдсворт, директорка на Европскиот институт за хидрација, коментира: „Анегдотите наведуваат дека голем број возачи избегнуваат пиење течност на долгите патувања заради намалување на бројот на посети на поалет, но знаеме дека дури и умерената дехидрација предизвикува симптоми како главоболка, мачнина и летаргичност. Грешките на возачите се најчеста причина за сообраќајни незгоди и Институтот сакаше да тестира дали недоволната хидрација има влијание врз вообичаените грешки на возачите.“

Препораки при подолги патувања:

  • Понесете доволно вода и течности во автомобилот за време на возењето. Запрете на безбедно место пред да се напиете или јадете.
  • Доколку треба да патувате подолго од 2 часа, планирајте 15-минутна пауза, дури и кога не чувствувате потреба од одмор. Не поаѓајте веднаш по обилен оброк, тоа само ќе предизвика летартично чувство при возењето.
  • Наспијте се добро пред да појдете на патување, особено ако планирате поаѓање рано наутро или доцна навечер, кога будноста е вообичаено ниска. Возењето во вообичаено време за одмор ја зголемува опасноста од незгода поради дремка.
  • Не користете темпомат при возење на автопат додека сте заморени. Кога имате помалку контрола врз возилото, поголема е опасноста од задремување.
  • Кога ќе почувствувате замор или потреба од сон, запрете на најблиското паркиралиште или одморалиште и одморете кусо.
  • Менувањето зад воланот помага, особено на подолгите патувања. Со тоа значително се намалува опасноста да почувствувате замор.
  • Внимавајте на препораката да не продолжувате со возењето веднаш по пауза за кафе.

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
18 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743