за

ЕУ ја тужи Германија поради загадениот воздух

германија аерозагаденост, загадувањето од возилата

Брисел може да изрече високи казни против Германија, поради тоа што земјата не успеала доволно да ја намали концентрацијата на штетни материи во повеќето градови. Германија уште пред две години била опомената од Комисијата на ЕУ. Во Штутгарт и други поголеми градови со енормна аерозагаденост може да се очекуваат и забрани за возилата до дизел мотор.

Комисијата на ЕУ планира да поднесе тужба против Германија поради преголемата аерозагаденост во повеќе градови во земјата. Тоа може да се случи веќе во почетокот на декември. Германската канцеларка Ангела Меркел кон крајот на месецов ќе има средба со претставници од погодените градови, заради изнаоѓање решенија за итно намалување на концентрацијата на ситни честички и азотни оксиди од возилата со дизел мотор.

Заканата со тужба од ЕУ може да ги врати на маса плановите за воведување забрана за дизели во градовите со највисока аерозагаденост. Повеќето германски градови ги надминуваат граничните вредности за материите во издувните гасови што се штетни по здравјето.

Во повеќе од 80 германски градови се надминуваат граничните вредности на ЕУ за отровниот азотен диоксид, со што здравјето на граѓаните се загрозува на неодговорен начин

Европската комисија уште пред две години поведе постапка против Германија поради прекршување на спогодбата. Тужбата е следниот чекор, затоа што земјата не постигнала доволно смалување на измерените вредности во градовите што се особено погодени со загаденоста на воздухот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus rx 450hL

Седумсед од Lexus пристига на салонот во Лос Анџелес

Dallara Stradale

Dallara Stradale за вистинските уживатели во возењето