Вести

ЕУ изгласа реално мерење на потрошувачката на гориво кај автомобилите

Советот и Парламентот на ЕУ со мнозинство го изгласаа воведувањето на ново мерење на потрошувачката на гориво кај автомобилите. Експертите сметаат дека на производителите и натаму им останува простор за манипулации.

Советот и Парламентот на ЕУ со големо мнозинство гласови се спогодија од септември 2017 година да се воведе нова постапка за мерење на потрошувачката на гориво кај автомобилите. Со овој чекор, политиката се спротивстави на притисокот на автомобилската индустрија за одложување на воведувањето на новата процедура WLTP, кратенка од „Worldwide harmonised light vehicle test procedures“ или глобално унифицирана процедура за тестирање на лесни патнички автомобили. Новата норма треба на возачите да им обезбеди пореални вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови на нивните автомобили.

Единствено воведувањето на тест-мерења при реални услови на возење, место во лабораторија, може да обезбеди вредности на потрошувачката на гориво што ќе бидат веродостојни за возачите.

Еколозите негодуваат затоа што тестирањата и натаму ќе се вршат во лабораториски услови, што на производителите им остава можност за манипулации. Нормата WLTP построго ги дефинира условите на тестирање, но производителите повторно ќе најдат начин да ги оптимираат своите возила за лабораториските услови на тестирање. Вистинските вредности можат да се добијат само при тестирање во реални услови на возење, на улица.

Циклус на тестирање WLTC за класа 3

Ниска брзина Средна брзина Висока брзина Многу висока брзина Вкупно
Времетраење, s 589 433 455 323 1800
Време во мирување, s 156 48 31 7 242
Растојание, m 3.095 4.756 7.158 8.254 23.262
% Удел на гаснење на моторот (старт-стоп) 26,5 % 11,1 % 6,8 % 2,2 % 13,4 %
Крајна брзина, km/h 56,5 76,6 97,4 131,3
Просек без стопирање, km/h 25,7 44,5 60,8 94,0 53,8
Просек со стопирање, km/h 18,9 39,5 56,6 92,0 46,5
Најниско забрзување, m/s2 -1,5 -1,5 -1,5 -1,2
Највисоко забрзување, m/s2 1,5 1,6 1,6 1,0

 

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729