134
20 shares, 134 points

Porsche изработено од метал собран на отпад и тјуниран камион со 625 КС, каде воопшто може да се види нешто такво? На Есен Мотор Шоу, на салонот за автомобили и блиску до автомобили, каде што шефовите не носат темни костуми и луѓето одат заради забава

Есен Мотор Шоу го следи истиот принцип уште од првото одржување во 1968 година, пред половина век. Необичните автомобили на овој необичен салон на автомобили во Германија никој не ги нарекува лудости и бесмислености, затоа што сите автомобили на шоуто се такви.

На 1-ви декември стартува 51-то издание на шоуто на автомобилите во Есен и трае до 9-ти декември. Третата хала е резевирана за најоткачените креации, вклучувајќи историски дизајнерски автомобили, Porsche изработено од метал од отпад или „суперспортски камион“ на Mercedes, со две приколки и мотор од 15,6 литри.

Есен Мотор Шоу 1am#

Во оваа средина се вклопува и последниот изум на швајцарскиот гение Франк Риндеркнехт, „алијас Rinspeed. Неговата последна студија е Rinspeed Snap и на посетителите во Есен ќе им ја прикаќе идејата за возило што се состои од два дела, односно од кабина и од платформа, кои се раздвојуваат. Во платформата се наоѓа целата техника и погонот.

Есен Мотор Шоу 2am#

Кабината со четири седишта може да се издвои и да се користи за различна намена, на пример за кампување. Идејата на Франк предвидува и можност за замена само на кабината, со кабина од друг вид или за друга намена, додека платформата може да се користи и натаму. Секако дека Snap вози електрично и автономно.

Специјални преработки од Brabus, Rinspeed, Ruf и Zender на Есен Мотор Шоу

Тјунерската куќа Ruf, повеќе од 40 години специјалист за Porsche, на шоуто пристига со новиот SCR 2018. Возилото беше прикажано како прототип пред две години, во меѓувреме тоа созреа и наскоро започнува мала серија. Карбонскиот монокок е зајакнат со кафез од челични цевки, а водењето на сите тркала е по принципот „pushrod“, односно исто како во формула 1. Четирилитарскиот боксер испорачува 510 КС и гарантира супер-перформанси, покрај фактот што возилото тежи помалку од 1.300 килограми. За тоа придонесува и каросеријата, која исто како школката е изработена од карбон.

Есен Мотор Шоу 5am#

Уште еден голем тјунер на салонот е Zender, кој за Есен го подготви концептниот автомобил 500 Corsa Stradale врз основа на Fiat 500. Преработката опфаќа каросериски кит изработен од карбонски ламинат. Подвозјето користи навојни амортизери, 1,4-литарскиот турбо е навиен на 240 КС. Малечкиот, но славен Fiat во оваа екстра-варијанта постигнува 232 km/h.

Есен Мотор Шоу 6am#

Brabus има „дизајнерски“ автомобил за салонот: Brabus 700 4х42. Од овој ексклузивен теренец постојат само десет примероци на целата планета.

Porsche 911 GT3 RS изработено од старо железо

Тимот што се нарекува „Гиганти од челик“ веќе 15 години изработува автомобилски, камионски и мото скулптури од старо железо во природна големина, верни на оригиналот. Годинава публиката ќе види Porsche 911 GT3 RS, кој буквално е изработен од старо железо и тежи 1.300 килограми. Тричлен тим работел четири месеци на автомобилот и искористил околу 20.000 делови од метал. Седиштата се местат, вратите се отвораат, а има и касета пред совозачот. Дури и моторот е „скулптуриран“ од старо железо.

Есен Мотор Шоу 3am#

Во ова „фино“ друштво спаѓа и камион, којшто изгледа како да е наменет исклучиво за салони и саеми, но во реалноста, ова возило редовно се користи за превоз на стока. Сопственик на овој Mercedes Actros 2663 Lowrider е Финецот Мика Аувинен. Виолетовиот камион тежи 76 тони, со двете силос-приколки натоварени до врв. Пневматика го подигнува камионот за десетина сантиметри, во случај кога Аувинен заработува од превоз. Преработката траела една година, цената само за материјали изнесува 450.000 евра. Потребни работни часови: 6.000. Погонот го врши 15,6 литарски мотор со моќност од 625 КС.

Есен Мотор Шоу 2018

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Brabus изработи „велосипед“ за сопственици на луксузни јахти

BMW е сам свој тјунер

Вака се тјунира пикап за пробивање по теренот: Nissan Navara Off-Roader AT32

Неодоливиот шарм на тјунирано комбе

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
20 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743