146
25 shares, 146 points

Додека се крчка третата генерација на светскиот шампион Leaf, од историските архиви на Јапонците се пројавува Nissan Tama, електричен автомобил од пред точно седум децении.

Во периодот по втората светска војна, јапонските инженери преоѓаат од развој на воена техника во производство за цивилни потреби. Околу 200 експерти од производителот на авиони Tachikawa се префрлуваат во новата компанија Tokyo Electro Automobile. Нивната задача е да развиваат автомобил со погон на струја, во услови кога земјата се соочува со сериозен недостиг од гориво.

https://goo.gl/photos/k3pH6XKVyUxFrqaEA

Во 1947 година е подготвен прототип на камион со носивост од половина тон и електромотор од 4,5 КС. Неговото име е Tama, според локацијата на фабриката. Електричниот камион постигнува 34 километри на час и со полни батерии минува до 65 километри.

Празните батерии на Nissan Tama се заменуваат со полни, нема чекање со часови

По малечкиот камион следи и патнички автомобил, со две врати и место за четири патници. Искуството во развој на воена техника се огледува во неколку генијални детали на Tama. Батериите, на пример, вградени се во подот и оттаму се извлекуваат на лизгачи. Тоа овозможува брза и едноставна замена на истрошените батерии со полни. Нема потреба од чекање со часови.

Компанијата го произведува Tama во патничка и товарна верзија, со погон на струја или со бензински мотор. Во 1948 година пристига малечкиот Tama Junior, а потоа и Tama Senior. Компанијата се здружува со Prince Motor во 1951 година, кој деценија и пол подоцна станува дел од Nissan.

Nissan Tama (1947) · Технички податоци

  • Должина / ширина / висина: 3200 / 1270 / 1650 mm
  • Меѓуоскино растојание: 2000 mm
  • Тежина: 1050 kg
  • Седишта: 4
  • Досег со едно полнење: 65 km
  • Мотор (36V): DC, моќност 3,3 kW (4,5 КС)
  • Батерии (капацитет): Оловни ќелии (40 V /162 Ah)
  • Крајна брзина / економична брзина: 35 km/h / 30 km/h

https://goo.gl/photos/nTyLH68Xcjm7irxv9

https://goo.gl/photos/1qjgtW43fPbfp9Qi6

https://goo.gl/photos/Qtk9KMBDuGXLwoe36


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
25 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730