134
18 shares, 134 points

На саемот за дигитална технологија во Хановер е претставена конечната верзија на електричниот автомобил на e.Go Mobile. Тој не нуди ништо спектакуларно, освен најважното – цена од 16.000 евра. И сериско производство според стандардите на „Индустрија 4.0“.

Малата германска фирма e.Go Mobile на саемот за дигитални технологии Cebit во Хановер ја претстави верзијата од својот електричен автомобил којашто е подготвена да влезе во сериско производство. Оваа млада стартап-компанија првично најавуваше дека на пазарот ќе понуди лесно возило со погон на струја во категоријата на квадрицикли, но плановите во меѓувреме се сменија и тоа што доживува премиера пред публиката во Хановер е градски автомобил со четири седишта и комплетна функционалност.

e-go mobile life 00001

Главната карактеристика на e.Go Life е цената. Со 15.900 евра, тој е за над 5.000 евра поевтин во споредба со електричната верзија на Smart Fortwo. Оваа цена ќе биде уште пониска во државите во ЕУ коишто го субвенционираат погонот на струја, конкретно во Германија, сумата што ја надоместуваат државата и производителите изнесува 4.000 евра. Стартот на сериското производство е предвиден за следната пролет, а нарачки ќе се примаат веќе од мај.

Развој на електричен автомобил за само дванаесет месеци

Возилото произлегува од соработката на e.Go Mobile со Универзитетот Ахен и неколку големи имиња од технолошката сфера, којашто има за цел со користење на напреден софтвер и иновативни производствени техники да постигне брз и евтин развој на електрично возило, како и негово производство според стандардите на „Индустрија 4.0“. За погонот се користи 48-волтен систем од Bosch, со електромотор со трајна моќност од 22 киловати, односно краткотрајна моќност од 30 киловати или 41 КС. Батериите располагаат со капацитет од 14,4 киловатчасови, а постои и можност за доплата за поголем батериски модул од 19,2 киловатчасови.

e-go mobile life 00003

Според производителот, e.Go Life спринтува од место до темпо 50 за 4,9 секунди, додека досегот му изнесува 100 километри во основната верзија или 130 километри со поголемиот батериски модул. Тежината без батерии изнесува 650 килограми, димензиите се 3380 х 1700 х 1570 милиметри.

Posted by e.GO Mobile AG on Monday, March 20, 2017

Фирмата e.Go Mobile AG е стартап за развој и производство на електрични возила со седиште во Универзитетот Ахен. Професор Гинтер Шу го основаше претпријатието пред точно две години, откако во 2009 година успешно го лансираше сличниот проект StreetScooter. Околу 70 експерти работат на евтино и наменско производство на електрични возила за градски сообраќај.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
18 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *