188
24 shares, 188 points

Двестотините електрични возила на Renault и Nissan ја поштедија атмосферата од 18 тони СО2, како официјален возен парк на светската климатска конференција во Париз.

Осум илјади делегати, претставници од медиумите и преговарачи ги користеа електричните возила на Renault и Nissan за време на климатската конференција во Париз, при што беа изминати над 110.000 километри со погон само на струја, без ниту грам штетна емисија или потрошен грам гориво. Возниот парк од 200 електромобили со којшто се превезуваа делегатите на двонеделната конференција на ОН за климатските промени, го поштеди светот од согорување 182 барели нафта и емисија на 18 тони штетен СО2.

Досега најголем возен парк од електрични возила на меѓународна конференција

Електромобилите направија над 3.800 трансфери превезувајќи ги пријавените делегати од хотелите до конференцискиот центар Бурже во северниот дел на Париз. Возниот парк се состоеше од компактниот Renault Zoe, Nissan Leaf и ванот со седум седишта Nissan e-NV200. Вработени во Renault и Nissan како возачи и амбасадори на електричниот погон за делегатите на COP21, како дополнување на јавниот превоз.

Половина од светскиот возен парк од електромобили отпаѓа на модели на Renault и Nissan
Повеќе од половината од светскиот возен парк од електромобили отпаѓа на модели на Renault и Nissan

За првпат на конференцијата за климатски промени на ОН се користеше сопроцентен возен парк од возила на струја. COP21 резултираше со париска декларација за електромобилност и со повик за акција за климатските промени, како спогодба што има за цел да се зголеми бројот на електрични возила и да се прошири инфраструктурата од полначи. Алијансата Renault-Nissan е потписник на акцискиот план.

90 брзи и стандардни полначи за струја беа поставени низ Париз

Партнерите Renault и Nissan поставија мрежа од 90 брзи и стандардни полначи за струја на стратешки локации, за полнење на батериите на електромобилите. „Еколошката“ струја за полначите ја испорача француската компанија за електродистрибуција EDF. Тринаесет полначи ќе останат на разни локации во градот и ќе бидат достапни за користење за јавноста. Два брзи полначи се наоѓаат на аеродромот Шарл де Гол, два на париската обиколница и еден на аеродромот Орли. На овие полначи се постигнува 80-процентна наполнетост на батериите за само половина час.

renault cop21 02Алијансата Renault-Nissan е глобален лидер во производството на возила со електричен погон, со над 50-процентно учество на нивните возила во светскиот возен парк од електромобили. Од комерцијализацијата на Nissan Leaf кон крајот на 2010 година, досега се продадоа над 280.000 возила на струја од двете марки.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

188
24 shares, 188 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *