за

Електричното такси на Nissan вози во 113 градови низ светот

Во 26 држави низ светот се користат електричните автомобили од Nissan во возните паркови на такси компаниите. Од 2013 година нагло расте бројот на регистрирани такси возила со погон на струја низ светот. Трошоците се драстично намалени.

Електричната револуција во такси превозот е во тек. Првиот чекор го направи една јапонска такси компанија во 2013 година, откако целиот свој возен парк го замени со Nissan Leaf со погон на струја. Денес милиони жители низ светот користат превоз со електрични такси возила.

https://automedia.mk/objavi/24363

Јапонскиот специјалист за погон на струја ги има во понудата двата добро познати модели: Компактната комбилимузина Leaf и комбито e-NV200. Електромобилите на Nissan возат во такси-служба на пет континенти, во 26 држави, во 113 градови. Предноста за патниците е во тоа што уживаат во тивкото возење, животната средина не се оптоварува со штетни материи, а компаниите добиваат намалени трошоци за возење и сервисирање.

Како Nissan ја наелектризира такси-браншата

Февруари 2013

  • Кумамото, Јапонија
  • Првата јапонска такси-компанија гo заменува целиот возен парк со електричен Leaf

Октомври 2014

  • Барселона, Шпанија
  • На салонот на возила со електричен погон во Барселона е прикажана такси изведба од комбито e-NV200

Април 2015

  • Амстердам, Холандија
  • Холандија станува најголем пазар за такси возила со електричен погон во Европа

Ноември 2015

  • Будимпешта, Унгарија
  • Унгарија потпишува договор за испорака на 65 примероци од Leaf за Будимпешта

Јануари 2016

  • Велика Британија
  • Такси-компаниите со возила со електричен погон во Велика Британија минуваат 3 милиони милји, со трошоци за возење намалени за 83%

Мај 2016

  • Мадрид, Шпанија
  • Мадрид потпишува договор за најголемиот возен парк од електрични такси возила со Nissan

Јуни 2016

  • Аман, Јордан
  • Договорена испорака на 100 примероци од Leaf и e-NV200 за Аман, се проширува мрежата од полначи за струја

Декември 2016

  • Агуаскаљиенте, Мексико
  • Со такси возила Leaf, емисијата на СО2 во Агуаскаљиентес се намалува за 2.000 тони

Март 2017

  • Варшава, Полска
  • Првите примероци од Leaf се испорачани во Варшава

Вкупно 1.200 електрични такси-возила од Nissan се продадени во Европа, повеќе од 2.000 возила на глобално ниво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден милион гледачи на преносот од премиерата на Skoda Karoq

Android Auto добива нови функции и поголема контрола врз возилото