за

Електричните автобуси на Volvo со досег продолжен на 200 km

електричните автобуси на Volvo, 7900 E

Нова генерација на електричните автобуси на Volvo ќе биде претставена на салонот за автобуси кој започнува следната недела во белгискиот Кортријк. Дванаесетметатскиот градски автобус Volvo 7900 E се испорачува со батерии со капацитет од 150, 200 или 250 киловатчасови. Во зависност од конфигурацијата на теренот и условите на возење, Volvo 7900 E може да извози до 200 километри со едно полнење на батериите, односно цела дневна тура.

Новитет е и тоа што батериите отсега може да се полнат преку комбинираниот систем за полнење CCS (Combined Charging System), како европски стандард за полнење за електрични возила. Останува досегашната можност за користење брзи полначи коишто се поставуваат на последните станици на автобуската линија.

Испораките на новиот Volvo 7900 E се очекува да стартуваат кон крајот на следната година. Одржувањето на електричните автобуси и на батериите го вршат експерти на Volvo по договорена месечна рата.

Светскиот електро шампион Норвешка ја направи најголемата нарачка за електричните автобуси на Volvo

За автобусите на Volvo со електричен погон досега има нарачки во Малме (Шведска), Диферданге (Луксембург) и Харогејт (В. Британија), а неодамна беа нарачани и 25 примероци за норвешкиот Трондхајм, што е најголема единечна нарачка досега. Заедно со хибридните и плагин-хибридните изведби, Volvo досега има испорачано над 3.600 автобуси со електрифицирана погонска спрега низ светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

луксузни теренци

Луксузни теренци на местото на господските лимузини

тетрис руско комбе

Руско комбе доаѓа со фабрички вграден тетрис