167
21 shares, 167 points

Ford го преработе Focus Electric. Електричниот автомобил сега минува повеќе километри со едно полнење и располага со побрзо полнење на батериите. Капацитетот на литиум-јонската батерија е зголемен од 23 на 33,5 киловатчасови, со што досегот се продолжува од 160 на 225 километри.

Новиот Ford Focus Electric стандардно располага со функција за брзо полнење на батеријата преку систем CCS и при приклучување на соодветен полнач со моќност од најмалку 50 киловати се постигнува осумдесет процентна наполнетост на батеријата за само 30 минути.

Во случај на користење обичен приклучок за струја со 220 волти, целосното полнење трае 16 часови, додека преку полнач со 16 ампери процесот се скусува на околу десет часови. Доколку стои на располагање полнач со 32 ампери, времетраењето на полнењето повторно се преполовува, на пет часови.

http://automedia.mk/objavi/26284

Електричниот автомобил што излегува од погоните на Ford во Сарлуис добива погон од електромотор со моќност од 145 КС. Спринтот до сто трае 11,4 секунди, крајната брзина е ограничена на 137 километри на час.

Со субвенција од 4.000 евра во Германија, цената се приближува до подобро опремените моделски изведби на Focus со конвенционален мотор

Во сериската опрема спаѓаат пристап без клуч, камера за рикверц и двозонска автоматска клима. На тоа се надоврзува последната генерација на инфо-забавниот систем Sync 3 со напредна говорна команда и дисплеј на допир од 20,3 сантиметри, како и подршка за Android Auto и Apple Carplay.

Focus Electric однадвор се распознава по специфичната маска, алу-бандажите од 17 инчи со специјален дизајн со 15 краци и диодните задни светла.

Цената на германскиот пазар изнесува 34.900 евра и не е променета во споредба со претходникот. Купувачите на електрични возила во Германија добиваат и субвенција во висина од 4.000 евра, со што цената на Focus Electric се приближува до моделите со стандарден погон и повисоко ниво на опрема.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *