за

Електричен Saab ќе станува национален автомобил во Турција

Сопственикот на Saab планира да произведува народен автомобил заедно со турската влада. Електричниот автомобил со техника од Saab 9-3 ќе се продава на турскиот пазар под посебна марка.

Шведската автомобилска марка Saab и турската држава заеднички ќе произведуваат народен автомобил за Турција. Тоа го сопшти кинескиот конзорциум Nevs, под чијашто сопственост во моментов се наоѓа марката Saab. Преку соработката со Турскиот институт за наука и истражување ќе се отворат стотици нови работни места. Дел од плановите е развој на електрични автомобили. Новиот автомобил ќе ја користи како основа техниката на Saab 9-3 и ќе биде понуден на турскиот пазар под посебна марка.

Кинескиот конзорциум го презеде Saab во 2012 година. Од минатата година мируваат производствените ленти во фабриката во Тролхетен. Дури во август годинава започна санирањето на пропаднатата шведска марка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW стартува со производство на M2

Кросоверот на Qoros со светска премиера на Експо Милано