164
21 shares, 164 points

BMW произведува во Преторија уште од 1973 година, долго пред глобализацискиот бран да ја зафати браншата. Денес од јужноафриканската фабрика излезе милионитиот автомобил на BMW.

Од монтажните ленти на фабриката на BMW во Рослин, Преторија, денес се симна едномилионитото возило, лимузина од серијата 3. Посебно за одбележувањето на овој јубилеј во Јужна Африка пристигна и шефот на производството Харалд Кригер. Баварската марка ја отвори фабриката во Рослин во 1973 година, како прва странска фабрика на групацијатата BMW и составен дел од производствената мрежа што денес брои 30 погони во 14 земји.

Освен за локалниот пазар, возилата на BMW од Јужна Африка се наменети и за извоз. Лани извозот на локално произведените лимузини од серијата 3 се зголеми за 17 проценти, со што Рослин ја зацврсти позицијата како водечки извозник на премиум возила во земјата. Од лани, во Јужна Африка се произведуваат и конурентските лимузини од класата С на Mercedes.

Целиот производствен синџир на BMW во Јужна Африка вработува преку 43.000 лица, вклучувајќи 3.700 лица директно вработени во фабриката, како и во продажбата и маркетингот, уште 3.700 лица во дилерската мрежа и 36.000 лица кај добавувачите. Лани во Рослин се произведоа 68.771 лимузини од серијата 3 на BMW наменети за локалниот пазар и за извоз.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *