за

Евтиниот електричен автомобил Sono Sion доживеа премиера во Минхен

Sono Sion

Стартап-компанијата Sono Motors од баварската престолнина ги исполни ветувањата и синоќа го претстави евтиниот електричен автомобил Sono Sion, со досег од 250 километри и соларни ќелии на покривот. Со нив може да се „наполнат“ до 30 километри дневно. Цената е 16.000 евра.

Минхенската стартап-компанија Sono Motors синоќа ја одржа премиерата на својот соларен-електричен автомобил Sion. Настанот се одржа во Минхен, пред 700 гости од политиката, индустријата и медиумите.

Sono Sion може да се купи заедно со батериите или да се плаќа за месечно користење

Sono Motors нуди електричен автомобил што е достапен за сите. Sono Sion располага со досег од 250 километри, а цената му изнесува 16.000 евра. Во неа, сепак, не се вклучени батерите. Постојат две опции. Батериите да се купат по цена од околу 4.000 евра или на производителот да му се плаќа месечна рата за нивното користење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Особеноста на Sion е можноста за самостојно полнење на батериите, именувана viSono. Тоа треба да асоцира на „визија“. Во покривот на возилото се вградени 300 соларни ќелии. Под поволни услови, овие ќелии можат за еден ден да ги наполнат батериите со енергија доволна за 30 километри. Соларните ќелии отстрана не треба да предизвикуваат забуна. Според производителот, тие можат и дифузната светлина ноќе да ја претвораат во струја, на пример од уличното осветлување или од околните куќи.

Батериите може да се користат и за приклучување надворешни потрошувачи

Втората специјалност на соларо-електромобилот е таканаречениот систем biSono. Батериите во возилото, имено, испорачуваат енергија за погонскиот електромотор, но можат да се користат и за испорачување струја за надворешни потрошувачи. На тој начин возилото се претвора во еден вид подвижен акумулатор. Со излезна моќ од 6,6 киловати, Sono Sion може да послужи и како полнач за струја за друг електромобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Производителот очекува неговото возило да наиде на прифатеност во подрачјето на заедничко користење на автомобилите, односно во таканаречениот „car-sharing“. Од тие причини, Sion стандардно поседува компатибилност со три различни понудувачи на услуги за споделување“: powerSharing, carSharing und rideSharing.

Sono Sion: Електро-соларен автомобил по цена од 16.000 евра

Преку овие услуги може на пример да се поканат патници во возилото или енергијата во батериите да се понуди за користење, додека истото мирува. Покрај тоа, сопственикот на Sion може и да го изнајмува возилото за одреден надомест.

Here is our brand new design of the SION. A solarcar for everyone with integrated solarpannels, a range of 250 km and a price of 16.000€

Posted by Sono Motors on Friday, July 28, 2017

Во следниот период Sono Motors ќе посети повеќе европски држави и на потенцијалните клиенти ќе им понуди можност за пробно возење на Sion. Прво следи турнеја во 12 градови во 6 држави, чијшто почеток е закажан за 18-ти август во Минхен.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce Phantom VIII

Rolls-Royce Phantom VIII: Архитектура на луксузот

Kia Rio, премиера македонија

Новиот Kia Rio се покажа како најсилен карактер во класата