144
19 shares, 144 points

Евтините гуми се лош избор и за лете и за зимо. Последното тестирање на евтини зимски гуми од азиските и источноевропските марки ги открива големите слабости кај овие гуми. Ризикот е огромен за сите учесници во сообраќајот.

Автомобилските гуми се соочуваат со најголемите предизвици кога наближува студениот период од годината. Покрај тоа што мораат да се справуваат со вода на патот, со снег или мраз, со намалувањето на температурата ослабнува и самиот контакт на гумата со подлогата, односно гумата станува покрута и губи значаен дел од својствата. Сето тоа на крајот се рефлектира во безбедноста во возењето.

Секако дека сé што на пазарот се продава како зимска гума, не мора да значи и дека е добра зимска гума. Дијапазонот на понудата почнува со евтини гуми со слаб квалитет и незадоволителни својства, а завршува со вистински специјалисти за снег од премиум марките. Но, кај зимските гуми не смее да се штеди. На тоа јасно укажуваат резултатите од последното тестирање на реномираниот Германски институт за техничка контрола. За тестирањето беа избрани гуми од најнискиот сегмент на цени, со димензии 205/55 R16 91H, како едни од најпродаваните димензии на гуми. Резултатите навистина се застрашувачки!

[quote_box_right]Кога станува збор за безбедноста, ништо друго не е толку пресудно како својствата на гумите на автомобилот. Затоа, кога се нудат евтини гуми од кинески или источноевропски производители, треба да се биде особено внимателен![/quote_box_right]

Евтините зимски гуми на тестот сé уште покажуваат задоволителни резултати при сопирањето и при управливоста на подлога покриена со снег, но затоа големото трезнење следува кога автомобилот ќе се најде на влажен пат или на растопен снег. При запирање од брзина од 100 километри на час, најлошата гума на тестирањето има за дури единаесет метри подолг пат на сопирање во споредба со просечна гума од средната класа од европските производители. Тоа во најлошиот случај може да повлече незгода со тешки последици.

Возило со евтини гуми би се забило со 40 km/h во возило со нормални гуми што веќе запрело

Подеднакво заплашуваат и податоците за преостанатата брзина при запирање од 100 km/h. Додека тест-возилото со референтните гуми запира во место веќе по 50 метри, другите возила со монтирани евтини зимски гуми пролетуваат покрај него со брзини и до 41 километар на час, за да запрат дури десетина метри подоцна. Тоа значи дека во нормален сообраќај, возилото со евтините гуми би се забило во запреното возило со нормални гуми со брзина од околу 40 километри на час. Дека не станува збор за незначителни брзини покажува и фактот што актуелното тестирање на безбедноста на автомобилите според Euro NCAP се врши со брзина од 64 километри на час.

Тестирањето беше извршено со два модела на VW Golf, на специјално наменети патеки во Финска и Германија
Тестирањето беше извршено со два модела на VW Golf, на специјално наменети патеки во Финска и Германија

Возливоста и управливоста на влажен пат се пресудни за оцената дали некоја гума е добра или лоша. Евтините гуми ги покажуваат своите слабости во споредба со референтните гуми уште при поаѓањето од место. Во сите подрачја се бележат слабости: Слаб контакт со подлогата, недоволно странично водење, губење на правецот при нагло одземање гас или запирање во свијок дури и при многу ниски брзини, пролизгување.

Зимските гуми од Азија и Источна Европа со димензија 205/55 R16 91H се тестираа на два стандардни и идентични модели на Volkswagen Golf. За споредбата послужи зимска гума од марката Dunlop. Тестирањето беше извршено на две патеки за тестирање гуми во Финска и во Германија. За прецизноста на мерните резултати се погрижи специјален хардвер и софтвер од последната генерација, за на крајот резултатите да бидат анализирани од врвни експерти за автомобилски гуми.

Резултатите од тестот на евтини зимски гуми
МАРКА ПАТ НА СОПИРАЊЕ ПРЕОСТАНАТА БРЗИНА
Linglong R650LL 61,3 m 41,4 km/h
Achilles W101 59,7 m 38,8 km/h
Racealone Snoway I 59,0 m 37,4 km/h
Ovation W586 57,9 m 35,2 km/h
Kormoran Snowpro B2 57,5 m 34,3 km/h
Infinity INF 049 56,5 m 32,0 km/h
Champiro Winterpro 53,7 m 23,6 km/h

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743