за

Европскиот шампион Иџе ја тестира Seat Ateca

Како двократен европски шампион на ридски патеки ќе ја оцени новата Seat Ateca? Игор Стефановски Иџе го извозе теренецот на шпанската марка по патот на Водно, во „малку“ побавно темпо од вообичаеното на трките, но сосем доволно за Ateca да ги покаже своите квалитети во секојдневието. Веќе за два дена, Иџе ќе продолжи со натпреварувачко темпо, на легендарната Монца.

Избравме сончев ден за да влеземе во новата SEAT Ateca со двократниот европски шампион Игор Стефановски или уште попознат како Иџе. Очекувањата кога седнавме во новиот SUV беa Игор да ни овозможи рели возење кое ќе го паметиме. Сосем спротивно од замислата, скопскиот метеж и питомата природа на Иџе ни овозможи 10 минутно пробивање низ скопските улици, но веднаш чим почнавме да го качуваме Водно и патот се расчисти како да ги ослободи своите крила и едвај дочека да го земе воланот во свои раце како најдобро умее.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00005

Но, мора да признаеме дека новата SEAT Ateca природно ја буди самодовербата на возачот кога ќе се најде зад нејзиниот волан. Она што не изненади е големиот внатрешен простор, врвната технологија која овозможува урбано искуство, како и мајсторската изработка на секој детал која асоцира на динамика, па така лесно беше да се препуштиме на свиоците на патот.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00003

Кога го прашавме зошто се одлучил токму за овој спорт ни одговори дека тоа е страста за брзина и адреналинот кој го овозможува оваа дисциплина. Неговиот темперамент на прва топка вели дека тој е сталожен, посветен и повлечен човек, но како разговорот и возењето напредуваа така и тој ја откри својата динамична и темпераментна природа која совршено се вклопи со карактеристиките на портокаловиот SUV кој „лепеше“ за патот.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00007

Ова беше навистина едно извонредно тест возење кое ни овозможи одблизу да се запознаеме со предностите на овој шпански бренд кој не случајно во 2016 Seat ja имаше најуспешната година во својата историја благодарејќи на рекордната продажба на автомобили, а SUV моделот Ateca се покажа како голем успех. Или во бројки земено остварија вкупен профит од 143 милиони евра.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00002

При крајот на минатата година овој модел стана достапен и на македонскиот пазар. Се распрашавме во салоните на Порше Македонија и таа е достапна со турбобензински и турбодизел мотори. Ateca дефинитвно нуди привлечен дизајн, многу можности за конфигурирање, со типична шпанска емотивност, но и голема функционалност и практичност во германски стил. Би додале на ова, совршена комбинација за градско возење, но истовремно SUV кој ќе ги задоволи апетитите и на оние кои сакаат да се одметнат од градскиот метежи и да крузаат низ попредизвикувачки патеки.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00006

На крајот на ова несекојдневно дружење му посакавме на Иџе многу успех на претстојниот натпревар во Италија каде ќе настапува на престижниот ETCC или European Touring Car Cup во организација на FIA. Toa e напреварување на кружни патеки, а во една сезона се возат вкупно 6 трки, првата на која земе учество нашиот Игор ќе се одржи од 28 до 30 април во Монца, Италија.

Seat Ateca Igor Stefanovski Idze 00004

Тој е двократен шампион на Европското првенство на ридски патеки (победник во 2014 и 2015 година), а од 2016 година се наптреваруваше на ETCC шампионатот со SEAT Leon Cup Racer во клубот LEMA Racing. Од оваа година ќе настапува на истото наптреварување, само со неговиот македонски тим на кои им посакуваме многу успех и среќа и се надеваме дека и по трет пат ќе ги одбрани боите на нашата земја и ќе се закити со уште една титула.

Извор: PUBLICIS ONE

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Civic Type R е новиот крал на Нирбургринг

Новиот Suzuki Swift во лимузинска изведба – само за Индија