110
19 shares, 110 points

Кога улиците се заглавени, помага единствено летечко такси. Овој вид на превоз, во блиска иднина ќе стане реалност во мегалополисите. Дубаи прави чекор пред сите и стартува со пилот-проект. Мултикоптер со електричен погон ќе се тестира во следните пет години.

Патнички дронови ќе се користат како автономно летечко такси во Дубаи. Концептот ќе се тестира во следните пет години. Првите летови може да се очекуваат најрано во октомври. Леталата ќе ги изработува германската фирма e-volo. Засега уште не се открива колку летала ќе учествуваат во проектот.

Голема е веројатноста дека Дубаи ќе воведе летечко такси во секојдневието

Дубаи уште пред неколку месеци најави план за отпочнување со тестирања на автономни дронови од кинескиот производител Ehang. Во светски рамки постојат повеќе фирми коишто развиваат летечки автомобили, вклучувајќи ги Toyota и Airbus. Замислата е овие мултикоптери да се користат за брз превоз, кога има премногу застој во градовите.

Прототипот на мултикоптерот со ознака VC200 лани го имаше и првиот лет со патници. Германскиот производител веќе го регистрираше прототипот како ултралесно летало. Повеќе детали на видео-каналот на Volocopter на Youtube.

Властите во Дубаи планираат да го користат леталото како јавно превозно средство. За таа цел, во престолнината на емиратот ќе бидат поставени таканаречени портови, односно места за полетување и слетување на воздушното такси.

Планот е една четвртина од сообраќајот да биде со автономни возила до 2030 година

Во Дубаи живеат околу два милиони жители. Емиратот планира една четвртина од сообраќајот да го префрли на автономни возила до 2030 година. За изборот на германскиот производител пресудиле високите безбедносни стандарди за развој и користење на летала од таков вид.

Дронот што е налик на хелокоптер е наменет за двајца патници. Полетувањето е вертикално со помош на 18 ротори коишто се поставени во круг. E-volo наскоро ќе го понуди патничкиот дрон и на германскиот пазар и планира да отпочне со сериско производство во 2018 година. Според законите во земјата, за управување со дронот сепак ќе биде задолжен спортски пилот.

volocopter vc200 2534

volocopter vc200 3534

volocopter vc200 4534

volocopter vc200 7534

volocopter vc200 5534

volocopter vc200 1534


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

110
19 shares, 110 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *