Теми

Долго возење и гледање ТВ го затапуваат умот

Научници од Универзитетот Лисестер дојдоа до заклучок дека часови поминати во возење и гледање ТВ ја смалуваат интелигенцијата.

Кој вози или гледа турски серии подолго од два часа секој ден, трпи намалување на степенот на интелигенција, ден по ден, чекор по чекор. Тоа го покажа студијата спроведена од Центарот за биомедицинско истражување на Универзитетот Лисестер. Целта беше да се истражи како долготрајното седење влијае врз мозочната способност. Резултатите од истражувањето покажаа дека степенот на интелигенција се намалувал во поголема мерка кај средовечните Британци коишто секојдневно возеле долго.

Тие што минувале во возење повеќе од два или три часа дневно, обично имале пониска интелигенција при отпочнувањето на студијата. Мозочната способност продолжила да се смалува во текот на целото истражување, па дури и со побрза стапка во споредба со испитаниците кои не возеле или возеле помалку.

„Долгото возење е лошо и за мозокот, затоа што е помалку активен“

Кишан Бакранија, докторанд по епидемиологија на одделението за здравствени науки на Универзитетот, заклучува: „Знаеме дека честото возење подолго од два до три часови на ден е лошо за срцето. Истражувањето укажува дека тоа е лошо и за мозокот, веројатно поради тоа што мозокот е помалку активен за тоа време.“

Научниците ги следеа животните навики на повеќе од половина милион Британци на возраст меѓу 37 и 73 години, во период од пет години. За тоа време постојано беа вршени тестирања на интелигенцијата и на меморијата.

Кај 93.000 лица е утврдено поголемо намалување на степенот на интелигенција

Оние 93.000 лица коишто возеле повеќе од два до три часови на ден, обично имале понизок степен на интелигенција при отпочнувањето на студијата. Нивната мозочна способност продолжила да слабее со текот на студијата, со побрза стапка отколку кај испитаниците што возеле малку или воопшто не возеле.

Научници од Харвард ја претвораат сончевата светлина во гориво

Слични резултати се добиени и при тестирањата со испитаници што гледале телевизија повеќе од три часови дневно. Тие исто така имале понизок степен на интелигенција од просечниот при почетокот на студијата. По пет години, нивната мозочна способност се намалила повеќе отколку кај лицата што не биле толку упорни пред телевизискиот екран.

Наспроти тоа, лицата што користеле компјутер подолго по два до три часови на ден не претрпеле намалување на мозочната способност. Тоа укажува дека компјутерот делува стимулативно врз мозокот.

Пушење и лоша исхрана, а отсега и возење, се лоши за когнитивните способности

Когнитивното слабеење е мерливо во период од пет години, затоа што може да се случи брзо кај средовечните и постарите лица. Тоа се поврзува со фактори од секојдневното живеење, како што се пушење и лоша исхрана – отсега и со времето што е минато во возење“, заклучува идниот доктор на науки Бакранија.

Студијата наведува на сериозно размислување. Што ќе се случува со нашите степени на интелигенција во идните автомобили што ќе управуваат самостојно, додека место да возиме најверојатно ќе гледаме во профили по социјалните мрежи и ќе постираме селфи? Или можеби нашите автомобили станаа премногу здодевни? Или можеби токму тоа е намерата на тајните кругови што го раководат светот, сите да затапиме?

Француската режисерска легенда Клод Лелуш очигледно знаел за овие лоши влијанија и во 1970-те го сними „Рандеву“, низ улиците на Париз.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами