162
21 shares, 162 points

Nissan прв понуди автопилот, со когошто возачот може буквално да ги тргне рацете од воланот. Системот дејствува само на одредени делници во Јапонија и само во лимузината Skyline, но стартува веќе наесен.

Идните сопственици на Nissan Skyline први во светот ќе можат да го пуштат своето возило само да извози точно одредени рути по автопат. Доколку не им се брза и немаат потреба да ја напуштаат средната лента, возачите на лимузината што се нуди само во Јапонија ќе можат да го отпуштат и воланот, за автопилотот целосно да ја презеде контролата.

Интелигентната електроника во возилото ја користи навигацијата и автоматски го води возилото од влез до излез од автопат, по однапред зададени рути, на пример од еден до друг град. Автопилотот сам престигнува, подзапира ако напред има побавно возило, се претстројува и се исклучува, па дури и врти во брзите свијоци, притоа барајќи само едноставна потврда од возачот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Системот се води како ProPilot 2.0 и првпат дозволува возачот да ги тргне рацете од воланот, доколку не се менува сообраќајната лента. Кога патот напред се двои или има услови да се престигне побавното возило напред, тогаш системот го информира возачот и бара тој само да ги врати рацете на воланот и да го притисне соодветното копче.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сето тоа го овозможува арсенал од камери, радари, сонари и сателитски податоци, вклучувајќи 3D мапа во висока резолуција. Техниката сепак не е „наивна“ и постојано контролира дали возачот внимава на патот.

Актуелната верзија на ProPilot е вградена во повеќе од 350.000 возила на Nissan, меѓу кои Leaf, Qashqai, X-Trail, Altima и Rogue.

Nissan нуди доставно возило со „знак“ на Kangoo

Nissan со мини-салон на најпрометно место во Париз

Двојка снимила жешки сцени во автопилотирана Tesla, се јави и Илон Маск

Автопилотот уште не е дораснат да го замени возачот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *