202
25 shares, 202 points

Сите учеснички и учесници во сообраќајот треба да се однесуваат пријателски и во критичните ситуации и да покажат обѕир и разбирање кон останатите учесници.

Два автомобила не можат да се разминат во тесна маалска уличка, поради стеснувањето на патот што пред нив. Кој автомобил ќе мине прв? Не е проблем доколку некој од двајцата возачи сигнализира со рака дека му препушта предимство на другиот возач. Проблемот е надминат и сообраќајот продолжува. Постојат голем број ситуации во коишто учесниците во сообраќајот се препуштени на разбирање. Пријателскиот однос и јасните сигнали се од голема помош во овие ситуации. Некои возачи сепак се решаваат да ја докажуваат својата „надмоќ“ во овие ситуации и едноставно не го ослободуваат патот, се додека возилото отспротива не се врати наназад и послушно му препушти предност.

Можностите за меѓусебно комуницирање во градскиот сообраќај се ограничени. Со трепкачите се сигнализира при менување лента или при свртување. Велосипедистите сигнализираат со рацете. Но, на овој важен сигнал често пати се „заборава“, поради ревносните реакции во сообраќајниот метеж или само поради мрзеливост. Тоа сепак може да доведе во опасни ситуации, затоа што останатите учесници мора да се подготват кога некое возило се префрлува во друга лента, скршнува или планира да се поткачи на тротоарот.

Беспотребното блиндирање со светлата заради ослободување на патот во повеќето европски земји се третира како присила

Сирената или блиндирањето со светлата се знаци за опасност и предупредување. Тие се користат кога возачот ќе се почувствува загрозен. Звучното или светлосното предупредување може да се користи кога на пример некое возило се отпаркира и возачот не забележува дека друго возило наидува одзади. Затоа пак, сирената не е пригодно да се користи за поздравување на пријателите на улица, а уште помалку за „потсетување“ за поаѓање на семафор. Во градските средини обично е забрането користењето на сирената и истото е казниво, но очигледно дека полицијата тоа не го санкционира. Друга приказна е „блиндирањето“ со светлата, кога некој возач едноставно чувствува потреба дека сите пред него треба да му го ослободуваат патот. Во повеќето земји во Европа, ова се толкува како присила и соодветно се казнува. Кај нас сепак е вообичаена практика и дел од сообраќајното секојдневие.

Корисно е во сообраќајот да се воспостави визуелен контакт, без разлика дали лицата се во автомобил, на велосипед или пеш. На тој начин, учесниците во сообраќајот знаат дека се забележани и не се загрозени. Визуелниот контакт е важен и кога на пример се вози велосипед и се заобиколува возило на патот.

За жал, гестикулацијата во сообраќајот честопати се користи и за навредување. Ваквите знаци дејствуваат агресивно и предизвикуваат нервоза во сообраќајот. Најважно е во такви ситуации да се задржи пријателското расположение и да се однесува разумно. Ако некој погреши во сообраќајот, доволно е да подигне рака во знак на извинување или да се насмее и ситуацијата е веќе надмината.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

202
25 shares, 202 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743