за

Добри тонови за дизелот: Оревокршачот со овој додаток звучи како спортски V8

Дизел моторите можат да постигнат сé, освен едно. Да звучат спортски. Една компанија сега нуди додаток што звукот на дизелот го претвора во звук на добро нахранет V8. Звукот сепак не доаѓа директно од моторот, туку од звучник што работи во тандем со издувот.

Возачите на автомобил со дизел мотор, особено оние со спортски амбиции, отсега ќе можат и да уживаат во звукот на својот автомобил. Добавувачот Eperspächer, специјалист за издувни системи и климатизација, ја нуди технологијата ActiveSound, којашто на притисок на копче произведува спортски и моќен звук. Системот засега е достапен за неколку модели на Mercedes, Audi, Volkswagen и BMW, но доколку пазарот покаже интерес, нормално е дека и понудата соодветно ќе се збогатува.

eberspacher activesound 00002

ActiveSound е звучник што се вградува независно од издувниот систем и неговата функција се сведува на тоа што произведува звуци со одредена фреквенција во иста фаза со звуците од издувниот систем, при што се нагласува дел од звучното подрачје и се добива спортски и полн звук. Софтвер што се развива посебно за секој модел го контролира звучникот. Системот сепак не е толку нов, туку е тајна на моделите од високите класи на Audi и Volkswagen, кадешто ActiveSound се вградува фабрички во издувниот систем веќе четири години. Eberspächer отсега го нуди овој систем за накнадно вградување во сервисните работилници.

https://www.youtube.com/watch?v=H57-Unn5IMw

Поправачот на звукот на дизелот се изработува посебно за секој модел и засега е достапен за моделите од претходната генерација на Mercedes C-Class (W204/C204), за Audi A5, Audi Q7, Volkswagen Passat 3C/B8, Volkswagen Golf 6, Volkswagen Golf 7, како и за неколку модели на BMW. Во следните неколку месеци ќе се проширува понудата, зависно од интересот, а во блиска иднина, ActiveSound ќе биде достапен и во верзија за модели со „даунсајсинг“ мотори, односно за помали бензински мотори со турбонатполнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo V90 Cross Country пристига во средината на септември

Jaguar се враќа во трка со електрична формула