139
26 shares, 139 points

Добавувачите веќе одамна ја имаат преземено улогата на вистински производители на автомобили. Четири петини од трошоците за производство отпаѓаат на компоненти што добавувачите им ги испорачуваат на фабриките на автомобилските марки. Кај последниве практично се врши само завршна монтажа.

Во оваа мала серија објави ви претставуваме неколку модели што покажуваат од каде всушност потекнуваат деловите во денешните автомобили. Добавувачите денес произведуваат близу 80 проценти од вредноста на еден автомобил. Тоа што се произведува во самите фабрики на автомобилските марки покрива само една петина од трошоците за производство. Во нив практично се врши само завршната монтажа.

Добавувачите се вистинските производители и иноватори во браншата

Улогите во автомобилската индустрија се сменети веќе одамна. Најголемиот дел од иновациите во браншата потекнуваат токму од големите добавувачи, како Bosch или Continental. Импресивни се и бројките за прометот што го остваруваат добавувачите. Bosch, на пример, во 2015 година реализирал промет од преку 70 милијарди евра.

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Новиот бран на електрификација на погонската спрега, со таканаречени благи хибридни системи и 48-волтна мрежа во возилата, потекнува од производителите на делови за автомобилската индустрија. Технологијата на автономно возење и системите за асистенција, исто така се развиени од тимовите на големите добавувачи. Автомобилските марки во основа вршат само фино дотерување на работата на овие системи.

Во иднина, улогата на добавувачите ќе станува се посилна. Големиот број на таканаречени стартап-компании од автомобилската бранша во последниве години, особено во подрачјето на електромобилноста, се должи првенствено на соработката со добавувачите.

Opel Insignia со амортизери од ZF и иновација од Heyco

Првиот автомобил во серијата е Opel Insignia. Втората генерација на знаменосецот на германската марка доживеа премиера пролетоска, во време кога беше објавено дека марката преоѓа во сопственост на францускиот PSA. Тоа не беше најсреќен момент за претставување на големиот Opel, кој ги наследува имињата како Vectra, Ascona, а во одредена мера и историските модели Senator и Commodore.

добавувачите за опел инсигниа 2146

Тоа што новата Insignia остана во сенка на преоѓањето под PSA не менува ништо во квалитетите на автомобилот. Моделот во меѓувреме доживеа премиера и на македонскиот пазар. Знаменосецот има задача да го зајакне имиџот на марката од Риселсхајм и да ја врати некогашната слава. За тоа, Insignia располага со приспособлива амортизација од ZF, климатизирани седишта од Gentherm или озвучување со потпис на Bose. Многу е работено и на подобрување на квалитетот на изработка. За тоа меѓу другото говори и примената на лизгачки шини за монтажа на браниците од добавувачот Heyco. Овој систем овозоможува браниците да се дотераат најпрецизно по монтажата. Со тоа се стекнува многу поубедлив впечаток за квалитет, но се подобрува и аеродинамиката.

Добавувачите на компоненти за новата Opel Insignia

(наведени се само дел од компонентите што се испорачуваат до фабриките на Opel)

Мотор и агрегати

  • Weidplas (довод на воздух)
  • Rochling (активно управување со клапна за воздух, изолација на мотор)
  • Hengst (модул на ладилник за масло, конструктивна група на капак, куќиште на балансирачко вратило, модули за течности, модул на филтер за воздух)
  • ContiTech (држачи на мотор)
  • Mahle (клипови, клипници, клипни прстени, брегасти вратила, водилки на вентили, капак на вентили, груб филтер за маслена пареа, модул за вшмукување на воздух, клима-уред, кондензатор, интеркулер, модул на разладување)
  • Norma (стезници на црева, стезници на профили, водови за гориво),
  • Dana Power (заптивки на глава на мотор, споредни заптивки)
  • Schaeffler (преносен лост на вентили, потпирачки елементи, помошен мотор)
  • Rheinmetall Automotive (летечки лежишта, лежечки лежишта)
  • Valeo (водено ладен интеркулер за турбо)
  • Mann + Hummel (вшмукувачка гранка)
  • Federal-Mogul Motorparts (куќишта на лежишта, чаури, клипни прстени, свеќички за палење, кошулки на цилиндри, седишта и водилки на вентили)
  • Continental (релеј на придушница, сензор против самопалење, сензор за температура на средство за ладење, контролна електроника на мотор)

Погон и пренос

  • Oerlikon (прстени за синхронизација)
  • Hoerbiger (потисна плоча)
  • Rollax (компоненти за менувач)
  • Vibracoustic (придушница)
  • Schaeffler (спојка, замавник, лежишта на менувач)
  • PMG (синхронизациски тела, лизгачки ракавци, потисно лежиште)

Управување

  • Bosch (електрично управување, управувачки столб, меѓувратило)

Подвозје

добавувачите за опел инсигниа 6146

  • Vibracoustic (лежишта во подвозје)
  • ZF (приспособливи амортизери, делови од подвозје)

Сопирачки

  • Buderus Guss (дискови)
  • FederalMogul Motorparts (облоги)
  • Schlemmer (заштитни капи)
  • ZF (електрична паркирна сопирачка)

Гуми и бандажи

  • Michelin (гуми)
  • Continental (гуми, сензори за број на вртежи на тркало)

Брави

  • Witte (брава на заден капак)

Издувен систем

  • Röchling (резервоар за SCR)
  • Continental (впрскување на SCR, сензор за Nox)

Осветлување

  • Automotive Lighting (задни диодни светла)
  • Stocko, Lumberg (кабелски спојки)
  • Hella (дополнително диодно стоп-светло)
  • Continental (прекинувач за светла)

Довод на гориво

  • Kayser (филтер со активен јаглен)
  • ContiTech (мембрани на довод на гориво)
  • TI Automotive (водови под висок притисок за дизел)
  • Continental (вод за распределба на гориво, сензор за разлика во притисок, пумпа за гориво, вшмукувач)

Каросерија

  • Dr. Schneider (облоги на прозорски рамки)
  • Heyco (водилки и држачи на браници)
  • Kirchhoff (челен попречен носач, зајакнување на под, држач на погон на предна оска, зајакнување на преден дел)
  • OdenwaldChemie (изолација, заптивки)
  • Röchling (облога на под)
  • Gestamp (зајакнувања, потпирачи, држачи, каросериски делови)
  • Linde + Wiemann (внатрешни и надворешни прагови, зајакнувања, странични делови на преден дел, предни попречни водилки)
  • Dana Power (акустична изолација, заптивки за каросерија)
  • IAC (Isolierung изолација на преден челен ѕид)
  • Voestalpine (плочи на задна и предна рамка со продолжетоци и зајакнувања)

Стакла и ретровизори

  • Flabeg, SMR (надворешни ретровизори)

Бришачи

  • Federal-Mogul Motorparts (заден бришач)
  • Fränkische IP (кабли за бришачи)

Навигација и инфо-забавни системи

  • Bose (озвучување)
  • Kathrein (антена за пренос на податоци)

Безбедносни системи

добавувачите за опел инсигниа 1146

  • Continental (контролна единица на воздушни перници, сензор за воздушни перници, радар за долго подрачје)
  • ZF (воздушни перници, предна камера)
  • Hella (радар)

Седишта

добавувачите за опел инсигниа 4146

  • Gentherm (грејачи во седишта, вентилација на седишта и контроли)
  • Alfmeier (механизам за местење во слабинско подрачје на стандарди седишта, механизам за местење на спортски седишта)
  • Brose (рачно и електрично местење на висина на седишта)
  • Witte (брава на задна клупа)

Внатрешност

добавувачите за опел инсигниа 3146

  • EuWe (облоги на столбови и багажник)
  • Borgers (тапацирање на багажник)
  • Adient (компоненти од пена)
  • Heyco (капи на заврки)
  • Omron (прекинувачи на волан, преклопници за менувач, прекинувачи за ел. местење на седишта, прекинувач за масажна функција на седишта и меморија, ел. паркирна сопирачка, прекинувач старт-стоп, прекинувач за проекциски дисплеј)
  • Hornschuch (делови за манжетна на менувач/облоги на зјаеви)
  • Lübke & Vogt (изолација на средишна конзола)
  • Gentherm (греење на волан, реглер)
  • IAC (подлога за тепих)
  • Marquardt (прекинувачи на волан)
  • Polytec (полица и облога на багажник, прозорски рамки, облога на попречен носач)

Врати

  • Edscha (облоги на предни шарнири)
  • HellermannTyton (спојки за кабли и држачи)

Електрика и електроника

  • Schlemmer (ребрести црева, заштитни капи на приклучоци, разделници на ребрести црева, канали за кабли, водилки за кабли)
  • Delfingen (ребрести црева)
  • Hella (приклучок за приколка, интелигентен сензор за акумулатор)
  • HellermannTyton (спојки и држачи за кабли)
  • Lumberg (приклучни спојки)
  • Continental (конвертор)

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
26 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743