за

Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа

дизел слаб интерес
Фото: Аутофорум.цз

На европскиот пазар во октомври се продале 1.202.877 возила или за 5,6% повеќе отколку во истиот месец лани. Тоа е најдобра октомвриска продажба по 2009 година, кога беа регистрирани 1,26 милион патнички автомобили. За периодот на првите десет месеци исто така има зголемување од 3,6 проценти и вкупно 13,18 милиони нови автомобили на европскиот пазар. Тоа е блиску до рекордот од 2007 година, кога во истиот период се продадоа 13,63 милиони возила.

Ваквиот резултат според аналитичарите се должи првенствено на бумот во продажбата на спортски теренци. Покрај тоа расте и побарувачката за возила со бензински мотор, како и за електрични и хибридни возила. По земји, најмногу растат пазарите во Франција, Италија, Шпанија, Полска и Холандија. Тоа го компензира падот во продажбата на дизели во Велика Британија, кадешто во октомври се продадени за 12,2 проценти помалку возила со дизел мотор отколку во истиот месец лани.

Големи промени се случуваат кај одделните видови на погон. Бензинците владејат со пазарот, со удел од 51,5% и раст од 5,1 проценти. Наспроти тоа, опаѓа интересот за дизелот. Во октомври се продале 498.500 автомобили со дизел мотор или за 9,9% помалку отколку во ланскиот октомври. На дизелите моментно отпаѓаат само 41,4% од пазарот. Тоа е најниска стапка во октомври последните десет години. Апсолутен рекорд имаат електричните и хибридните возила, кои со 66.000 примероци во октомври учествувале со 5,5% во вкупната продажба на возила.

Топ 10 најпродавани модели во Европа во октомври

Марка и модел

Примероци

Тренд

1

Volkswagen Golf

43.679

+23,7%

2

Renault Clio

23.507

+7,1%

3

Peugeot 208

21.556

+14,5%

4

Ford Fiesta

20.466

-10,3%

5

Volkswagen Tiguan

19.277

+3,4%

6

Skoda Octavia

19.273

+6,1%

7

Nissan Qashqai

18.056

+1,9%

8

Toyota Yaris

17.495

+14,9%

9

Renault Captur

17.051

+9,8%

10

Citroen C3

16.996

+39,9%

 

Топ 10 најпродавани марки во Европа во октомври

Марка

Примероци

Тренд

1

Volkswagen

133.881

+2,7%

2

Renault

88.855

+15,5%

3

Ford

80.549

+5,3%

4

Peugeot

77.545

+16,5%

5

Mercedes

71.727

+8,8%

6

Opel

68.256

-2,2%

7

Audi

66.284

-1,4%

8

BMW

58.715

-9,0%

9

Skoda

56.748

+9,9%

10

Toyota

53.769

+21,1%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw x7 pretserija

BMW X7 ѕирна од фабричката хала во Спартанбург

volvo роботските автомобили

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo