151
20 shares, 151 points

Новиот кросовер на Honda го привлекува вниманието со спојот на динамика на купе и робусност на спортски теренец. Главниот дизајнер Кобајаши зборува за создавањето на уникатниот кросовер на Honda.

Летово претстои стартот на продажбата на новиот кросовер на Honda. Главниот дизајнер Масаки Кобајаши, како раководител на проектот ја познава секоја линија и секоја форма на HR-V, знае какво е чувството при допир на материјалите во кабината и со гордост зборува за начинот на којшто возилото спојува прагматичност, прецизност и емотивен дизајн во единствена целина.

Место да направи само мини-копија на HR-V, Honda осмисли сосема нов концепт

„Не сакавме само да создадеме смален спортски теренец,“ објаснува Кобајаши. „Honda веќе го има CR-V, којшто ги соединува вредностите на спортски теренец со полесен и подвижен секојдневен автомобил, така што HR-V требаше да биде поразличен. Развојниот тим си постави цел да создаде нови вредности уште од самиот почеток на проектот.“

Од идејата произлезе автомобил што спојува елеганција и грациозност на купе, со практични вредности и цврстина на спортски теренец. „Целта беше да се комбинира висока силуета и цврстина – како клучни вредности на спортските теренци – со ново ниво на емоции,“ открива Кобајаши. „Така дојдовме до концепт на екстериер заснован на ‘Емотивност и цврстина’ со концепт на ентериер наречен ‘Персонален кокпит и експанзивност’. Сакавме да соединиме дијаметрално спротивни вредности за да создадеме нешто ново.“

[pull_quote_center]Процесот е едноставен: Конструкторите на каросеријата се одговорни за одредувањето на просторот и распоредот во возилото и ги поставуваат крајните точки. Оттука преземаат дизајнерите за екстериер и ентериер, со цел да го заживеат концептот меѓу тие крајни точки[/pull_quote_center]

Ваквиот пристап бил условен од поставениот профил на профил на купувач со динамичен животен стил и конкретни барања. Кобајаши и неговиот тим целеле на „активни возачи коишто уживаат и во својата работа и во домашниот живот. Овие купувачи имаат развиено чувство за баланс меѓу мода и практичност.“ Најголем предизвик за тимот било постигнувањето на тој баланс. „Воопшто не ни беше едноставно, потребниот простор во кабината, едноставното користење и практичноста да ги споиме со динамичен и емотивен дизајн,“ коментира Кобајаши. „Во секој случај, процесот е релативно едноставен: Конструкторите на каросеријата се одговорни за одредувањето на просторот и распоредот во возилото и ги поставуваат крајните точки. Оттука преземаат дизајнерите за екстериер и ентериер, со цел да го заживеат концептот меѓу тие крајни точки.“

Теоријата е едноставна, но интензивниот период на интегрирање на динамичен, а приспособлив ентериер, со аеродинамички ефикасен, возбудлив, а робусен профил, бара огромна посветеност. „Се разбира дека во реалноста не е толку едноставно! Дизајнерите и инженерите дискутираат за секој милиметар… тие можат да се наречат дури и аргументи! Но, проектот може да напредува само преку овие отворени дискусии,“ посочува Кобајаши.

Откако ќе заврши концептуалната фаза, почнува работата на моделирањето на HR-V. „Најмногу време потрошивме на овој процес,“ кажува Кобајаши. „Дизајнирање, моделирање и повторување на верификацијата, користејќи модели во природна големина, заради добивање реална претстава за тоа како HR-V ќе изгледа на патот. Тука почнува да живее дизајнот и можеме да експериментираме со облици и форми коишто ја оставаат внатрешноста да дише, но создаваат тензија и флуидоност во дизајнот.“

Иако надворешноста укажува на други вредности, кабината ја има практичноста на Jazz

Хармоничноста во дизајнот на HR-V е потврда за интензитетот и деталноста на процесот на когошто е горд Кобајаши. „Фузијата на формата на кабина со добра аеродинамика и силна основа на каросеријата станаа темел на динамичната форма на HR-V. Сатисфакцијата е во тоа што успеавме да креираме производ без компримиси во големината, функционалноста и дизајнот.“ Раководителот на создавањето на кросоверот тука посочува на функционалноста на кабината, во спој со чувство на личен простор и забава. „Позицијата при седење е многу слична на купе и го нагласува чувството на агилност и динамика, но поради тоа што архитектурата се базира на централно поставен резервоар и на елементи како волшебните седишта, HR-V нуди изобилство простор за патниците и огромна флексибилност.“

Главниот дизајнер продолжува: „Горди сме на динамичната форма на екстериерот, за високиот квалитет на површините и за ненападните, но впечатливи детали. Кога целиот тим за првпат го виде прототипот во комплетна форма, се почувствувавме горди и посебни затоа што успеавме да ги реализираме нашите цели со овој автомобил.“ Кобајаши верува дека „HR-V поседува елеганција за да изгледа атрактивен во секое сценарио, но во исто време поседува и робусност. Со тоа се постигна мојата цел, тој да изгледа како вистински возачки автомобил.“

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *