153
48 shares, 153 points

Во периодот од годината кога најчесто се случува да откажат служба, десет акумулатори се најдоа на тест кај германското здружение за техничка контрола и магазинот Auto Zeitung. Заклучокот: Добрите акумулатори не мора да се скапи.

Германскиот магазин Auto Zeitung, во соработка со експертите од германското здружение за техничка контрола, тестираше десет модели на акумулатори. Првата група акумулатори ја сочинуваат четири обични модели, кои и денес се вградуваат фабрички во повеќе автомобили. Три акумулатори на тестот располагаат со техника EFB (Enhanced Flooded Battery) и меѓу другото се користат најчесто за возила со старт-стоп систем. Во оваа група се моделите Exide Start-Stopp, Varta Blue Dynamic E45 и Ford EFB.

Во третата група спаѓаат акумулатори со техника AGM, коишто издржуваат значително поголем број на циклуси на празнење и полнење од обичните. Кратенката означува Absorbent Glass Matt, што значи дека електролитот во нив се наоѓа во плетиво од стаклени влакна. Тука спаѓаат Banner Running Bull, Bosch S5 A08 и Varta Silver Dynamic E39.

Акумулаторите од видовите EFB и AGM нудат предности, но и цената им е значително повисока во споредба со обичните „оловни“ акумулатори

Поновите генерации автомобили, освен старт-стоп техника, честопати располагаат и со систем за повраток на енергијата при сопирање. Поради тоа, кога треба да се замени дотраениот или оштетен акумулатор во овие возила, неопходно е посебно внимание. Покрај капацитетот и големината на куќиштето, потребно е да се внимава и на точниот тип на акумулаторот. Типот се наведува во прирачникот за возилото, обично со набројување на модели од неколку марки што ги одобрува производителот на автомобилот.

Акумулаторите во денешните автомобили имаат многубројни задачи што треба да ги извршуваат, покрај основната, стартување на моторот. Струја им е потребна и на патниот компјутер, на системите за асистенција, мултимедијата, комфорната опрема и на системите за конектирање.

Десетте акумулатори на тест располагаат со капацитет меѓу 70 и 75 амперчасови, кои се користат во модели од компакт класата со бензински мотор, како и за возила со дизел мотор со зафатнина под два литри. Главните цели на тестирањето беа проверка на капацитетот, на бројот на циклуси, стартувањето при незагреан мотор и противвредноста, односно соодносот меѓу цената и квалитетот.

Модел со просечна цена е севкупен победник на тестот на акумулатори

Првото изненадување на тестот беше во тоа што најдобри се покажаа модели кои не спаѓаат во најскапата категорија. Напротив, победата во категоријата за противвредност му припадна на Keckeisen intAct Start Power (102 евра, во Германија). Севкупниот победник на тестот е Varta Silver Dynamic E39, чијашто цена се движи во просекот.

проверка на акумулаторот
Го проверивте акумулаторот на возилото?

Второто изненадување: Ниту еден од тестираните акумулатори не го покажа наведениот номинален капацитет при лабораториските мерења. Единствено Exide Start-Stopp (EFB) ја покажува номиналната вредност, додека Banner Running Bull (AGM) дури и ја надминува вредноста.

На тестот со стартување при незагреан мотор, најдобри се покажаа акумулаторите со техника AGM. По дванаесет часови во разладна комора на минус 20 степени Целзиусови, Varta испорачуваше енергија за 28 стартувања, Bosch за 27, Banner за 24 стартувања. По водечката тројка следат акумулаторите со конвенционална техника од Keckeisen (18 стартувања) и Ford EFB со 17 успешни „палења“.

Акумулаторите со техника AGM се докажаа и во истрајноста, односно во бројот на циклуси на празнење и полнење. Сите постигнаа повеќе од пропишаните 15 циклуси на празнење. По нив спедат Ford EFB со 13 циклуси, Exide со 11 и Varta Blue Dynamic со пет циклуси.

AGM-акумулаторите се супериорни во секој поглед, што е обврзувачки покрај нивната цена

Тестирањето покажа интересни резултати и во поглед на прашањето, во колкав степен акумулаторите се регенерираат по циклусите на празнење. Првите места повторно им припаѓаат на AGM-акумулаторите, односно на Banner, кој постигнува дури 102 проценти од првичниот капацитет, на Varta Silver Dynamic (90%) и Bosch (89%). По нив следи акумулаторот со конвенционална техника од Keckeisen (66 проценти), како и EFB-изведбите на акумулаторите од Ford (61 проценти) и Exide (60%). Истата вредност со Exide ја постигнува и Varta Blue Dynamic.

Десетте тестирани акумулатори покажаа изненадувачки добри резултати. Половината од моделите на тестот добиваат „одлична препорака“, додека четири минуваат само со „препорака“. Единствено Big Magic Eye го заврши тестот со условна препорака, поради неопходната контрола, односно потребата од долевање електролит. Уште еден заклучок од тестот е тоа што и обичните акумулатори поседуваат добри квалитети. Победник во поглед на противредноста е Keckeisen intAct Start Power, марка што не е достапна на нашиот пазар, но ја брани честа на обичните акумулатори.

Категорија · Обични акумулатори

  • Keckeisen intAct Start Power · одлична препорака
  • Moll Kamina Start · препорака
  • Uni1Energy Sealed High Performances · препорака
  • BIG Magic Eye · условна препорака

Категорија · Акумулатори со техника EFB, за систем старт-стоп

  • Ford EFB · одлична препорака
  • Exide Start-Stop EFB · препорака
  • Varta Blue Dynamic E45 EFB · препорака

Категорија · Акумулатори со техника AGM, за систем старт-стоп

  • Varta Silver Dynamic E39 AGM · одлична препорака
  • Banner Running Bull AGM · одлична препорака
  • Bosch S5 A08 AGM · одлична препорака

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
48 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743