151
22 shares, 151 points

Во мака се познаваат јунаците. Во овие кризни времиња десет различни модели се нудат во дијапазон на цени меѓу 6.880 и 8.900 евра. Понудата вклучува звучни моделски имиња, од неколку класи возила, па дури и една лимузина.

Кога станува збор за автомобили што се достапни по ниска цена, веднаш се помислува на романската марка на Renault, на Dacia. Вистина, во овој список на десет најевтини возила на македонскиот пазар има дури два модела на Dacia. Само уште Suzuki успева со два модела да се најде меѓу десетте. Но, и покрај тоа, ниту Dacia, ниту Suzuki не го имаат најевтиниот модел што актуелно се нуди на пазарот. Шампионот во евтина понуда доаѓа од Chevrolet – што и не е изненадување.

Chevrolet Spark е најевтин модел на пазарот

Моментно Spark е тој што го поставува предизвикот за конкуренцијата. Со 6.880 евра за најевтината изведба, Spark е најдостапниот модел за македонскиот купувач. За таа цена се добива симпатично дизајнираниот градски автомобил со штедлив еднолитарски мотор со 68 КС и ниво на опрема што вклучува шест воздушни перници и АВЅ, клима уред, сервоуправување, висинско местење на возачкото седиште и поделена задна клупа. Вообичаено за марката, со мала доплата се достапни богати пакети со опрема. За нецели 500 евра се добиваат електрика на предните прозорци, централна брава и радио со USB, што со оглед на класата и примената на возилото веќе може да се смета како комплетна опременост.

Chevrolet Spark 1.0 LS •  6880 евра 4 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х висина х ширина 360 х 160 х 152 cm, меѓуоскино раст. 237,5 cm, багажник 170/994 L, крајна брзина 152 km/h, 0-100 km/h за 15,3 ѕ, просечна потрошувачка 5,0 L/100 km
Chevrolet Spark 1.0 LS • 6880 евра
4 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х ширина х висина 360 х 160 х 152 cm, меѓуоскино раст. 237,5 cm, багажник 170/994 L, крајна брзина 152 km/h, 0-100 km/h за 15,3 ѕ, просечна потрошувачка 5,0 L/100 km

Дури и во нивото LT најмалечкиот модел на Chevrolet останува под најскапиот модел во оваа конкуренција. Во тој случај сепак треба да се има во предвид дека меѓу конкурентите има и поголеми возила, па се поставува прашањето дали да се избере помало возило со богата опрема или поголемо возило со вообичаено ниво на опременост.

Кај Dacia се добива модел од повисоката класа

Романската марка на Renault не е најевтина, но е втора најевтина. Sandero е воедно и еден од малкуте модели во оваа десетка што доаѓаат од една класа погоре, од класата на градските автомобили. Актуелната понуда за втората генерација на Sandero почнува од 7.650 евра за основното ниво со АВЅ, контрола на стабилност, четири воздушни перници, сервоуправување и поделена задна клупа.

Dacia Sandero •  7650 евра 4 цил., 1.2 л., 75 КС, должина х висина х ширина 406 х 173 х 152 cm, меѓуоскино раст. 258,9 cm, багажник 320/1200 L, крајна брзина 156 km/h, 0-100 km/h за 14,5 ѕ, просечна потрошувачка 5,8 L/100 km
Dacia Sandero • 7650 евра
4 цил., 1.2 л., 75 КС, должина х ширина х висина 406 х 173 х 152 cm, меѓуоскино раст. 258,9 cm, багажник 320/1200 L, крајна брзина 156 km/h, 0-100 km/h за 14,5 ѕ, просечна потрошувачка 5,8 L/100 km

За разлика од претходникот, во новиот Sandero работи штедлив 1,2-литарец од Clio со 75 КС и просечна потрошувачка од 5,9 литри. Конкуренцијата го разбуди пазарот и денес речиси не постојат возила што ја постигнуваат ниската цена преку застарена технологија што секое заштедено евро при купувањето ќе го дуплира преку голема потрошувачка на гориво.

Основниот модел е тој што треба да го привлече вниманието со ниската цена. Кај Dacia, моделот што ќе убеди за купување следува веќе од второто ниво Ambiance. За 550 евра повеќе се добиваат клима уред, централна брава со далечинска команда, електрика на предните прозорци и лакирани браници. За радио и магленки треба да се доплатат уште 400, односно 150 евра, или подобро, да се избере нивото Laureate, коешто за 9.100 евра доаѓа уште со патен компјутер, електрика на ретровизори, висинско местење на возачко седиште и волан. Изборот никогаш не бил лесен.

Suzuki Alto точно ја погодува смислата на ценовната класа

Првиот модел на Suzuki меѓу десетте најевтини е Alto, со цена од 7.700 евра со чесно скроено ниво на опрема, кое што не условува преоѓање на поскапа моделска изведба. Специјалистот за малечки автомобили, меѓу другото, го нуди својот основен модел со АВЅ, четири воздушни перници, сервоуправување, клима уред, електрика на предни прозорци, централна брава со далечинска команда, радио, поделена задна клупа и висинско местење на волан и на возачко седиште.

Suzuki Alto •  7700 евра 3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х висина х ширина 350 х 160 х 147 cm, меѓуоскино раст. 236 cm, багажник 129/774 L, крајна брзина 155 km/h, 0-100 km/h за 14,0 ѕ, просечна потрошувачка 4,3 L/100 km
Suzuki Alto • 7700 евра
3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х ширина х висина 350 х 160 х 147 cm, меѓуоскино раст. 236 cm, багажник 129/774 L, крајна брзина 155 km/h, 0-100 km/h за 14,0 ѕ, просечна потрошувачка 4,3 L/100 km

За повеќе луксуз во класата може да се премине на нивото GLX, дополнително опремено со алу-бандажи, магленки, бројач на вртежи, но и контрола на стабилност. Со 8.200 евра, Alto GLX сеуште останува во дијапазонот на десетте најевтини, односно со противвредноста продолжува да им конкурира на останатите модели.

Како автомобил, Alto нуди рационална искористеност на кабината и пристојна просторна понуда – секако на сметка на багажникот – но и мотор што во оваа конкуренција е еден од најштедливите, а воедно и најкултивирано, како што има покажано на тестирањата. Иако се појавува рано на списокот, како трет најевтин модел, малечкиот Suzuki засенува и некои од моделите што се поскапи од него.

Дури и Toyota има модел меѓу најевтините

Едно од најзвучните имиња на списокот е Toyota Aygo, возило што е веќе неколку години на пазарот и наскоро му претстои замена со нова генерација, но мора да се има во предвид дека Aygo е еден од моделите што ги постави мерилата за бранот конкурентски модели што следеа со годините. Aygo 1.0 Crea чини 7.790 евра во актуелниот ценовник и доаѓа сериски опремен со веќе вообичаените АВЅ и две воздушни перници напред, но и со воздушни завеси и странични воздушни перници напред, со контрола на стабилност, сервоуправување и радио. Клима уредот следува во нивото Tera N1 кое е достапно за 8.255 евра.

Toyota Aygo •  7790 евра 3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х висина х ширина 343 х 162 х 147 cm, меѓуоскино раст. 234 cm, багажник 138/782 L, крајна брзина 157 km/h, 0-100 km/h за 14,2 ѕ, просечна потрошувачка 4,3 L/100 km
Toyota Aygo • 7790 евра
3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х ширина х висина 343 х 162 х 147 cm, меѓуоскино раст. 234 cm, багажник 138/782 L, крајна брзина 157 km/h, 0-100 km/h за 14,2 ѕ, просечна потрошувачка 4,3 L/100 km

Во оваа конкуренција Aygo нуди каросерија со три врати. Дополнителната практичност со петте врати следува дури во нивото Tera, кое со цената од 8.990 евра за влакно излегува од конкуренцијата на десетте најевтини и воедно чини исто колку Yaris. Затоа, кој е среќен со две врати, може во ценовната рамка до 8.900 евра да го избере и Aygo како фаворит, во верзијата Tera, со електрика на прозорци и централна брава со далечинска команда и цена од 8.790 евра.

Кинезите одат со висока противвредност место со најниска цена

Марката Great Wall ќе беше многу порано на списокот доколку политиката на компанијата се сведуваше на тоа автомобилите да се нудат по најниската можна цена во конкуренцијата. Место тоа, Voleex C10 е автомобилот со најсилен мотор – 1,5-литарски VVTi со 97 КС – и со најбогато ниво на опременост во оваа десетка, покрај фактот што тој заедно со Sandero припаѓа во повисоката класа. За 8.200 евра следуваат АВЅ и две воздушни перници, сервоуправување, клима уред, централна брава со далечинска команда, електрика на сите прозорци, електрика и собирање на ретровизори, паркинг сензори назад, радио, магленки и алуминиумски бандажи. Тоа е само дел од опремата што следува кај кинескиот конкурент.

Great Wall Voleex C10 • 8200 евра 4 цил., 1.5 л., 97 КС, должина х висина х ширина 381 х 171 х 154 cm, меѓуоскино раст. 246 cm, багажник 330/1100 L, крајна брзина 175 km/h, 0-100 km/h за 11,1 ѕ, просечна потрошувачка 7,3 L/100 km
Great Wall Voleex C10 • 8200 евра
4 цил., 1.5 л., 97 КС, должина х ширина х висина 381 х 171 х 154 cm, меѓуоскино раст. 246 cm, багажник 330/1100 L, крајна брзина 175 km/h, 0-100 km/h за 11,1 ѕ, просечна потрошувачка 7,3 L/100 km

Кој е подготвен да раскрсти со предрасудите и да го прифати фактот дека Voleex е автомобил што поседува квалитети надвор од цената, ќе препознае одлична понуда во овој автомобил. Дополнително, хомологацијата овозможува моделот да се води како комерцијално возило, при што следува поврат на ДДВ, односно во тој случај токму Voleex ќе се најде прв на списокот со цената од 6.950 евра.

Лимузината доаѓа од кого друг ако не од Dacia

Легендарното име што постигна непречено освојување на пазарот на евтини автомобили, откако браншата се откажа од овој сегмент поради малата исплатливост, веќе вози во втората генерација, покрај помалиот брат Sandero. Кај лимузината од романската марка важи правилото – тоа што го гледаш е тоа што го купуваш. Во случајов, тоа се однесува на нивото на опременост во основниот модел на Logan, кој за разлика од комбилимузинскиот Sandero стартува од нивото Ambiance. За 8.250 евра, Logan нуди и клима уред и електрика на прозорци и централна брава со далечинска команда, исто како и лакирани браници или поделена задна клупа, која што беше мисловна именка кај претходникот.

Dacia Logan •  8250 евра 4 цил., 1.2 л., 75 КС, должина х висина х ширина 435 х 173 х 152 cm, меѓуоскино раст. 263,4 cm, багажник 510 L, крајна брзина 156 km/h, 0-100 km/h за 14,5 ѕ, просечна потрошувачка 5,9 L/100 km
Dacia Logan • 8250 евра
4 цил., 1.2 л., 75 КС, должина х ширина х висина 435 х 173 х 152 cm, меѓуоскино раст. 263,4 cm, багажник 510 L, крајна брзина 156 km/h, 0-100 km/h за 14,5 ѕ, просечна потрошувачка 5,9 L/100 km

Моторот и политиката на цени е иста како кај Sandero, со таа разлика што класичната триделна форма на Logan е агрумент што секогаш пресудува во изборот на нашиот купувач.

Seat Mii е најевтин во мини триото на Volkswagen

Концернот Volkswagen не мораше да бара партнер надвор од сопствените марки за заеднички да развива модел од мини класата и на тој начин да ги спушти трошоците за развој и производство. Трите народски марки Volkswagen, Seat и Skoda добија свој модел од новото мини со когошто се пополни празнината под Polo, Ibiza и Fabia. Шпанската верзија на минито е најевтина во ова трио на нашиот пазар. Seat Mii стартува од 8.290 евра за изведбата 1.0 Reference со АВЅ, четири воздушни перници, сервоуправување, клима уред и радио.

Seat Mii •  8290 евра 3 цил., 1.0 л., 60 КС, должина х висина х ширина 356 х 164 х 148 cm, меѓуоскино раст. 242 cm, багажник 251/951 L, крајна брзина 160 km/h, 0-100 km/h за 14,4 ѕ, просечна потрошувачка 4,5 L/100 km
Seat Mii • 8290 евра
3 цил., 1.0 л., 60 КС, должина х ширина х висина 356 х 164 х 148 cm, меѓуоскино раст. 242 cm, багажник 251/951 L, крајна брзина 160 km/h, 0-100 km/h за 14,4 ѕ, просечна потрошувачка 4,5 L/100 km

Шпанската марка го има во понуда и моделот со ниво Chic, во кое што со доплата од 600 евра над основниот модел следуваат централна брава со далечинска команда, електрика на прозорците и на ретровизорите, алу-бандажи, лакирани каросериски детали и стилски елементи во ентериерот. Само со доплатата од 400 евра за четири врати Mii излегува од ценовниот дијапазон до 8.900 евра.

Skoda Citigo сега стартува од 8.400 евра

Чешката марка можеше да се пласира многу порано на овој список доколку во понудата останеше моделската изведба на Citigo со основното ниво на опрема Active и цена од 7.200 евра. Откако Skoda реши повеќе да не ја произведува оваа моделска изведба, Citigo стартува од 8.400 евра со второто ниво Ambition. Мини триото на Volkswagen моментно ги поставува стандардите во класата во поглед на просторноста, штедливоста и изработката, исто како и во поглед на возните својства и безбедноста.

Skoda Citigo • 8400 евра 3 цил., 1.0 л., 60 КС, должина х висина х ширина 356 х 164 х 149 cm, меѓуоскино раст. 242 cm, багажник 251/951 L, крајна брзина 161 km/h, 0-100 km/h за 14,4 ѕ, просечна потрошувачка 4,5 L/100 km
Skoda Citigo • 8400 евра
3 цил., 1.0 л., 60 КС, должина х ширина х висина 356 х 164 х 149 cm, меѓуоскино раст. 242 cm, багажник 251/951 L, крајна брзина 161 km/h, 0-100 km/h за 14,4 ѕ, просечна потрошувачка 4,5 L/100 km

Skoda го нуди своето мини за 8.200 евра со АВЅ и четири воздушни перници, сервоуправување, клима уред, централна брава со далечинско и електрика на предни прозорци, електрика и греење на лакирани браници, поделена задна клупа и подготовка за радио. За радио се доплаќа 200 евра, но и за пет врати – 400 евра.

Mitsubishi е ѕвезда на просторноста и штедливоста

Наследникот на Colt се збогуваше од вановскиот карактер и целосно се ориентираше на концептот на штедливост и рационалност. Иако габаритите на каросеријата се помали во споредба со претходникот, Space Star во кабината нуди дури и повеќе простор од Colt, но тоа по што тој е недостижен за повеќето конкуренти е штедливоста. Со помалку од пет литри бензин при реални услови на возење, минито на Mitsubishi е подобар и од најоптимистичките очекувања.

Mitsubishi Space Star •  8690 евра 3 цил., 1.0 л., 71 КС, должина х висина х ширина 371 х 167 х 149 cm, меѓуоскино раст. 245 cm, багажник 235/912 L, крајна брзина 172 km/h, 0-100 km/h за 13,6 ѕ, просечна потрошувачка 4,2 L/100 km
Mitsubishi Space Star • 8690 евра
3 цил., 1.0 л., 71 КС, должина х ширина х висина 371 х 167 х 149 cm, меѓуоскино раст. 245 cm, багажник 235/912 L, крајна брзина 172 km/h, 0-100 km/h за 13,6 ѕ, просечна потрошувачка 4,2 L/100 km

Мотото на Colt би можело да гласи: Троши малку, нуди многу. Основниот модел со ниво Inform чини 8.690 евра и во опремата вклучува АВЅ, контрола на стабилност, шест воздушни перници, сервоуправување, старт-стоп, клима уред, патен компјутер, радио, електрика на прозорци напред и на ретровизори, централна брава со далечинска команда и поделена задна клупа. Со богатата опременост и напредната технологија, Space Star ја оправда стратегијата моделот да се развие како единствен модел што ќе се нуди на сите одделни пазари во светот. Несомнено еден од фаворитите.

Suzuki Splash со квалитети на семеен транспортер

Врвот на понудата го заокружува Suzuki со оригинално конципираниот Splash, кој со просторноста и функционалноста веќе може да послужи и како автомобил за младите семејства. Конципиран како ван, Splash нуди просторност во кабината како во компакт, а воедно и висока приспособливост, вклучувајќи го практичниот багажник. Богатата опрема што е вообичаена за Suzuki е следната доблест, и тоа на крајот помага Splash да постигне висока противвредност, иако со цената го заокружува горниот крај на конкуренцијата на десетте најевтини модели на нашиот пазар.

Suzuki Splash •  8900 евра 3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х висина х ширина 378 х 168 х 159 cm, меѓуоскино раст. 236 cm, багажник 202/1050 L, крајна брзина 160 km/h, 0-100 km/h за 14,7 ѕ, просечна потрошувачка 4,7 L/100 km
Suzuki Splash • 8900 евра
3 цил., 1.0 л., 68 КС, должина х ширина х висина 378 х 168 х 159 cm, меѓуоскино раст. 236 cm, багажник 202/1050 L, крајна брзина 160 km/h, 0-100 km/h за 14,7 ѕ, просечна потрошувачка 4,7 L/100 km

Во моделот за 8.900 евра се добиваат АВЅ и четири воздушни перници, сервоуправување, клима уред, електрика на прозорци напред и на ретровизори, централна брава со далечинска команда, радио, патен компјутер, па дури и кожа на воланот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
22 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *