за

Девет беџови од тркачките болиди на Aston Martin по цена од 3750 фунти

Беџови какви што носеа тркачките V8 Vantage GTE на учествата на Aston Martin во светското првенство во издржливост се достапни по цена на пристоен користен автомобил. Комплетот се состои од девет беџови, секој со знамето на земјата кадешто се одржуваат трките и се нуди во ограничена серија од 250 примероци.

Колекционерите имаат уште една можност за размислување како да го потрошат вишокот пари. Aston Martin изработи реплики од беџовите што неговите V8 Vantage GTE ги носеа на трките во светското превенство во издржливост. Во секоја од деветте земји каде што се одржува првенството, тркачките болиди на Aston носеа различен беџ со знамето на земјата. Комплетите од девет беџови се изработени во само 250 примероци и уредно врамени на бела заднина.

aston martin 9badge 00001

За изработката беше ангажирана врвната работилница Vaughtons, сместена во прочуениот „златарски кварт“ во Бирмингем. Во секој беџ се вложени по 20 часа работа, вклучувајќи врвна CAD-опрема и специјални машини, од кои дел се стари по 120 години.

Актуелната сезона завршува викендов, на 19-ти ноември, во Бахраин, кадешто Aston Martin Racing се надева на победа во сите категории. Данците Марко Соренсен и Ники Тим водат во конкуренција на возачи во GT Drivers и GTE Pro, додека на Aston Martin Racing му претстои жешка завршница за освојување на титулата во конструктори.

aston martin 9badge 00002

По цена од 3.750 фунти, ексклузивните комплети се достапни за нарачка преку онлајн-продавницата на Aston Martin, во дилерската мрежа на марката, како и во бутикот на Aston Martin, лоциран на Довер Стрит во Мејфер.

Прашањето е кои се купувачите на овие баснословно скапи амблеми? Сопствениците на Aston Martin, на пример.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клима-уредот во автомобилот не е само за во лето

Samsung влегува во автомобилската бранша со преземањето на Harman