за ,

Две изненадувачки премиери во Mitsubishi: Фејслифт на Outlander и нов L200

Кусо време по пазарниот старт на двата големи новитета на Mitsubishi на главните пазари во светот, освежениот Outlander и комплетно новиот пикап L200 почнуваат со продажба и на македонскиот пазар.

Летото очигледно не е време за одмор во Mitsubishi. Увозникот Макауто Стар веќе започнува со продажба на двата клучни новитета на јапонската марка на нашиот пазар, кусо време по нивната комерцијализација на волуменските пазари за Mitsubishi. Фејслифтот на популарниот спортски теренец Outlander и комплетно новиот пикап L200 ветуваат жешка завршница на годината во сегментите што бележат постојан раст во пазарниот удел.

Преку стоте инженерски подобрувања во возилото го поткрепуваат тврдењето на јапонскиот специјалист за теренци дека станува збор за многу повеќе отколку обичен фејслифт. Покрај освежувањето во изгледот, како вовед во новиот дизајнерски говор на Mitsubishi, освежениот Outlander доби подобрена звучна изолација, промени во подвозјето, побогата понуда од безбедносна опрема, како и намалена потрошувачка на моторите.

Како еден од најпопуларните модели во сегментот, од појавувањето на првата генерација на Outlander во 2001-та година до денес, произведени се над 1,3 милион примероци, а само од последната, трета генерација, во изминативе три години се произведени преку 320.000 илјади возила.

[pull_quote_left]Новиот преден изглед всушност го отсликува нашето минато како и филозофијата – формата ја следи функционалноста – како што се разните надворешни штитници кои претставуваат наследство од поранешните модели на Pajero и кои овозможуваат посебно чувство додека возите. Во тој контекст, нашиот нов дизајн на предниот дел на возилото е израз на традицијата и еволуцијата од тоа. Затоа го нарекуваме „Динамичен штит“
Тестуро Аикава, претседател на Mitsubishi Motors[/pull_quote_left]

Новиот Mitsubishi Outlander ја наследува функционалноста на успешните генерации на Pajero и Lancer Evolution. Централниот дел во црна боја ја изразува моќноста и перформансите, а странично, како и на подлогата напред и назад се вклучени додатоци за заштита. Дизајнот не претставува само форма, туку е основа за изгледот на идните модели на Mitsubishi. На предниот дел на возилото, светлата и решетката го истакнуваат чувството за пространост. Оваа идеја идентично е пренесена и за задниот дел од возилото, каде дополнително е поттикнато и чувството за стабилност.

Концептот на OUTLANDER има вистински лик на SUV-возило, поради што се вклучени различни елементи во дизајнот, како што се заштитата на предната подлога, која е во сребрена боја и е во комбинација со црна боја со останатиот дел на долниот дел од подлогата, како и страничните додатоци на возилото. Како дополнение на севкупниот изглед се и обликот на LED предните светла кои се интегрирани заедно со LED дневните светла, кои воедно придонесуваат и за зголемување на безбедноста при возење дење или во текот на ноќта. За истакнување на севкупниот изглед, вклучени се сосема нови алуминиумски тркала, двобојни со 18 инчи. Новиот Mitsubishi Outlander е подолг за 40 мм и неговата должина сега изнесува 4.695 мм.

Внатрешност со премиум елементи

Новините веднаш може да се забележат, почнувајќи од редизајнираниот управувач, новиот мулти-комуникациски систем со навигација, аудио системот со премиум квалитет, мека површина на горните делови на инструмент таблата и вратите, како и други функционалности, вклучително и местењето на вториот и третиот ред седишта.

Главното стилско одбележје на новиот дизајнерски говор на Mitsubishi беше прикажан премиерно со концептот S
Главното стилско одбележје на новиот дизајнерски говор на Mitsubishi беше прикажанo премиерно со концептот S

Во внатрешноста на располагање се функционални и атрактивни елементи, почнувајќи од двозонски клима уред, како и електричното приспособување на седиштата со што се обезбедува задоволство при возењето дури и на долги патишта. Особено корисно за возачот е електричното отворање на петтата врата и бесклучниот систем за работа со возилото.

Подобрена платформа, значително подобрена агилност

Новиот MItsubishi Outlander е со значително подобрена управливост за што е посветено особено внимание од страна на инженерите на Mitsubishi во однос на суспензијата и електро-серво управувачот. Што се однесува до зголемување на нивото на изолација, направени се измени во дизајнот кои се однесуваат на аеродинамиката, зголемување на дебелината на задното стакло, влучување дополнителни материјали и додатоци во кабината, како и во делот на моторот.

Новиот адаптиран систем на држач на моторот кој е со конструкција на нишало ги прифаќа осцилациите во правец напред/назад, со што значително ги намалува вибрациите и бучавоста. Изолацијата од звуци се подобрува и со користење на напреден систем за потпирање и соодветни пневматици.

Владица Кокаловиќ, маркетинг и ПР менаџер во Макауто Стар ги претстави новите модели на Mitsubishi пред македонската публика
Владица Кокаловиќ, маркетинг и ПР менаџер во Макауто Стар ги претстави новите модели на Mitsubishi пред македонската публика

Во однос на погонот, новиот Outlander е опремен и со напредниот систем S-AWC или т.н. супер контрола на погонот на 4 тркала. Овој интегриран систем за контрола обезбедува висок степен на зафаќање на тркалата по подлогата, одлична стабилност и линеарна управливост дури и во предизвикувачки услови, со оптимално комбинирање на системот за активна стабилност – Active Stability Control (ASC), погонот на четири тркала 4WD и системот за контрола на дистрибуција на вртежниот момент – AYC (Active Yaw Control).

Висок степен на безбедност

Новиот OUTLANDER е опремен со повеќе безбедносни елементи, со помош на кои постојано се одржува безбедноста и контролата. Новите системи за избегнување на судар, му овозможуваат на OUTLANDER да детектира потенцијална опасност и да превземе превентивни мерки. Системот од седум SRS воздушни перничиња, вклучувајќи ги и тоа за колената на возачот се дел од стандардната опрема.

Mitsubishi Outlander е достапен со напредни системи за безбедност, вклучително радарскиот систем за активно сопирање (Forward Collision Mitigation – FCM), системот за предупредување при напуштање на коловозна лента (Lane Departure Warning – LDW) и радарскиот систем за одржување брзина (Adaptive Cruise Control – ACC). Исто така, Mitsubishi Outlander за 2014 и 2015 година го освои признанието од американскиот институт за безбедност на патиштата  “Top Safety Pick+”.

Специјално ниво на опрема Intense Promo за пазарното воведувањето на новиот модел

Понудата стартува со Outlander 2.2 DI-D со ниво на опрема Intense за 29.980 евра, а врвот го претставува верзијата Instyle Navi, со цена од 35.980 евра и соодветно луксузно ниво на опрема, вклучувајќи меѓу другото кожени седишта, сончев покрив и навигација. Автоматски клима уред,  електрика на сите прозорци, сензор за дожд и сензор за светла, темпомат, радио со команди на волан и блутут, кожа на волан, алу-бандажи и задни диодни светла се стандард во сите моделски изведби на Outlander. За воведувањето на новиот модел на пазарот, Макауто Стар посебно го нуди нивото Intense Promo, кое што со цена од 30.980 евра дополнително располага со двозонска регулација на климатизацијата, дополнителни декоративни елементи, алу бандажи од 18 инчи, диодни дневни светла, пристап и стартување без клуч и паркинг сензори назад.

Заедно со Outlander стартува и петтата генерација на пикапот L200. Повеќе за овој модел можете да прочитате во претходната објава. Ценовникот стартува со 26.480 евра за L200 со двојна кабина и верзија на 2,4-литарскиот дизел со 154 КС, во ниво на опрема Invite, по кого следува моделската верзија со 181 КС и ниво Intense за 29.980 евра.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes S-Class: Овој кабриолет потекнува од друга ѕвезда (обновено)

BMW и Mini се враќаат со нов увозник во стариот објект