за

Дамите сé почесто зад воланот на спортските модели на Ford

Спортските модели како Ford Fiesta ST, со компактни димензии, но силни мотори, повеќе не се само машка играчка. Дамите сé почесто се решаваат за овие модели на Ford, поради комфорот и практичноста во секојдневието. И поради моторот, секако.

Уделот на дами зад воланот на компактните спортски модели на Ford лани бил за осум проценти повисок во споредба со 2010 година. Чекорот на Ford да ја понуди спортската Fiesta ST дополнително во верзија со пет врати, покрај „стандардната“ изведба со три врати, наиде на одличен интерес меѓу возачките. Тоа што тука се цени најмногу е комфорот во возење и практичноста во секојдневието.

Во првите три квартали од годинава се продадени над 22.000 примероци од Fiesta ST, Focus ST и Focus RS на европскиот пазар. Само за Focus RS се решиле над 9.100 купувачи, откако моделот стартуваше со продажба пролетта 2015. Трендот на пазарот е да се избираат модели што се практични и функционални, што е најизразено кај „миленијалците“, односно купувачи на возраст меѓу 18 и 35 години.

Новото ниво ST Line го нуди изгледот на ST, по цена на стандардните модели

Тоа се докажува и во понудата на спортски модели на Ford: Спортскиот компакт Focus ST веќе се нуди и во комби изведбата Turnier. Лани Ford лансираше уште едно ниво на опрема, ST Line, коешто го поседува расниот спортски стил на ST, но во поглед на опременоста е поблиску до „секојдневните“ моделски изведби. Со цената исто така. Нивото е достапно во Fiesta, Focus, Kuga и Mondeo, а наскоро и во останатите моделски серии.

Ford годинава ќе испорача над 200.000 примероци од „перформанс-моделите“ на глобалниот пазар, вклучувајќи ги Mustang, Focus RS, Focus ST и Fiesta ST. Тоа е двапати повеќе отколку пред три години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors сака да прикажува реклами во автомобилите

Продажбата на електрични автомобили во Шведска во раст од 67%