Совети

Го проверивте акумулаторот на возилото?

Акумулаторот на возилото има тешки маки кога пристига студеното годишно време. Навремената проверка на состојбата на акумулаторот е едноставна и поштедува од непријатни изненадувања.

Испразнет акумулатор е најчеста причина за дефект на возилото во есенското време. Поради тоа, се препорачува проверка на акумулаторот пред да пристигне студеното годишно време. Корисно е да се проверат и знаењата за стартување на возилото преку кабли. Дури и кога сé е в ред со сопственото возило, на тој начин може да им се помогне на останатите возачи кога ќе имаат потешкотии да го стартуваат автомобилот.

Акумулаторите имаат ограничен рок на употреба. Некои издржуваат пет, некои дури и седум години, а некои откажуваат по само неколку години. Каква е состојбата на акумулаторот, начјесто се дознава дури во зимскиот период. Додека ослабнатиот или оштетен акумулатор уште испорачува доволно струја за стартување во текот на летото, кога температурите ќе паднат под нулата тој брзо откажува. Кој не сака да се впушти со слаб акумулатор во зимата, треба навремено да го провери акумулаторот. Постојат сервисни работилници што проверката ја вршат бесплатно, а истата може да се изврши и кај специјализираните продавници за авто делови и прибор.

Едноставен тест со светлата ја покажува состојбата на акумулаторот

Кој поседува уред за мерење на напонот, може и самостојно да ја провери наполнетоста. Тоа сепак не треба да се врши веднаш по возењето, затоа што акумулаторот во тој момент е наполнет. Доколку уредот покажува вредност од 12,4 до 12,7 волти, акумулаторот е подготвен за студената сезона. Но, кога вредноста е под 12 волти, препорачливо е акумулаторот да се замени.

Типична конструкција на акумулатор со технологија AGM (Absorbent Glass Mat)

Може да се провери и без уреди. Едноставен тест со светла пред бел ѕид може да покаже во каква состојба е акумулаторот. Кога собореното светло ослабнува по кусо време при изгаснат мотор, тоа укажува на ослабнат акумулатор.

Прво црвениот „плус“ кабел, потоа црниот „минус“ кабел

Крајниот знак за празен акумулатор се слуша кога анласерот или релеите „тропаат“ при стартување на моторот. Тогаш моторот може да се стави во живот единствено со помош на акумулатор од друго возило. За тоа е потребно кабел за стартување, и секако, возило со полн акумулатор. При изгаснат мотор на „помошното“ возило, двата плус пола на батериите се поврзуваат со црвените клеми на кабелот. Потоа, едната црна клема на кабелот се приклучува на минус полот на помошното возило, а црната клема на спротивниот крај на кабелот се прицврстува на метален дел во просторот за мотор на возилото во дефект. Потоа се стартува моторот на помошното возило.

Кога ќе стартува моторот на помошното возило, треба да се вклучи силен електричен потрошувач, на пример вентилаторот или греењето на задното стакло. На тој начин се спречуваат можните напонски преоптоварувања при отстранувањето на клемите, од коишто може да се оштетат чувствителните електронски уреди.

Прво се откачуваат црните клеми и електричните потрошувачи се исклучуваат. Потоа се отстранува и црвениот кабел. Препорачливо е да се направи подолго возење во времетраење од барем дваесетина минути, заради избегнување на повторувањето на ситуацијата следното утро. Доколку тоа се случи, акумулаторот е оштетен. Во тој случај преостанува единствено замена.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами