150
20 shares, 150 points

Според едно меѓународно истражување, „автонацијата“ ја задржува превласта и во производството на електрични автомобили. Во продажбата и во производствените капацитети сепак предводат други.

Германија ја поврати технолошпката превласт во погонот на струја. Новата генерација на технички напредни модели, како BMW i3 и Volkswagen Golf GTE, ги потисна претходно владејачките корејски производители во третиот квартал, покажува истражувањето на експертите од консултантската компанија „Рудолф Бергер“. Корејците за прв пат успеаја да воспостават целосно сериско производство, но во поглед на техничкиот капацитет остануваат зад очекувањата. Според експертите, Јапонија е на третото место, пред Франција, Кина, САД и Италија.

Додека технологијата на напредните автомобили со погон на струја и со хибриден погон со надворешно полнење им го обезбедува водечкото место на Германците, тие заостануваат во другите аспекти, а особено во продажбата на овие возила. Според студијата, Германија е само на четвртото место меѓу водечките пазари за новата техника. Првите три места ги делат Франција, Јапонија и САД. Француските производители на автомобили веќе со години се посветени во погонот на струја и соодветно на тоа имаат постигнато учество на овие автомобили од 0,79 проценти во вкупниот пазар, што е највисоко учество во светски рамки. Јапонија и САД земаат силен залет и во последните дванаесет месеци ја зголемија продажбата на електромобили и плаг-ин хибриди за околу 20 проценти.

Како производствена локација за новата техника предводат САД и Јапонија, со очекуван производствен волумен од 450.000 возила до 2016 година. Масовното производство на батерии им обезбедува висок пласман на Кина и на Јужна Кореја. На петтото место е Германија, со мала предност пред Франција, додека последна е Италија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743