за ,

Германски супермаркет бесплатно ги полни електромобилите на клиентите

Пуштањето во работа на бесплатните полначи за струја во Aldi: Дитрих Гемел, директор вo електродистрибуција RWE (лево), државниот министер Тарек Ал-Вазир (средина) и Карл Хајнц Кел, директор за енергетски менаџмент во Aldi Sud

Додека клиентот купува во супермаркетот, неговиот автомобил на струја ги полни батериите на бесплатните полначи кои испорачуваат струја добиена од сончева енергија.

Купувачите во супермаркетот на Aldi во франкфуртската населба Гинхајм буквално можат да „наполнат сонце“ во своите автомобили – доколку нивното возило е на струја. Најголемиот синџир дисконти во Германија го користи мотото „Наполнете сонце“ за полначите за струја коишто се поставени на паркингот за купувачи. Користењето на овие брзи полначи за струја, со коишто се постигнува наполнетост на батериите до 80 проценти за помалку од половина час, не чини ниту цент. Струјата потекнува од сончеви колектори и Aldi им ја нуди бесплатно на своите клиенти со електрични автомобили, велосипеди или скутери, како еден вид дополнителен попуст. Aldi планира да постави вакви полначи за струја пред 50 објекти во Германија.

„Одржливоста и заштитата на климата нé засега сите. Со проектот „Наполнете сонце“ сакаме да го привлечеме интересот на нашите клиенти за еколошки подносливите форми на мобилност. Струјата се произведува горе на покривот на супермаркетот, со помош на фотоволтаички колектори и се дистрибуира директно и бесплатно на паркиралиштето,“ изјавува Флориан Кемпф, раководител во енергетски менаџмент на Aldi Sud.

aldi sud polnaci

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париз со 30 километри на час против загадувањето и застоите

Соларниот дрон на Google се урнал на пробниот лет