Вести

Пет германски производители под сомнение за картелско здружување

Пет германски производители на автомобили со години се договарале околу деловите за возилата, цените и добавувачите. Доколку се докаже дека купувачите поради тоа прескапо ги плаќале своите возила, производителите ќе мораат да плаќаат скапи отштети.

Полека се разјаснува вистината околу дизел-скандалот. Петте автомобилски гиганти Audi, BMW, Daimler, Porsche и Volkswagen, долги години наназад биле во монополистичко здружение. Германските производители тајно се договарале за техниката, цените и добавувачите. Овој скандал се надоврзува на друг скандал. Тука се основите на дизел-скандалот.

Според документ од концернот Volkswagen со когошто располагаат органите за заштита на конкурентноста, уште од 90-те години се воделе тајни преговори меѓу Audi, BMW, Daimler, Porsche и Volkswagen. Сите подрачја од развојот на автомобилите, почнувајќи од менувачите и сопирачките, до бензинските и дизел моторите, биле дел од заеднички договор. Заеднички се избирале и добавувачите, заеднички се одредувале и цените по коишто добавувачите требало да ги испорачуваат компонентите за автомобилските производители.

Германски производители во картел: Дизел-скандалот е само вовед

Дури и дизел-скандалот потекнува од картелот на автомобилските гиганти. Германските производители на автомобили имаат потпишано спогодба, во којашто меѓу другото се одредува и големината на резервоарот за додатокот AdBlue. Оваа течност, којашто во основата е уреа, служи за отстранување на штетните материи од издувот на дизелите.

Шефот на Continental открива зошто производителите мамат за чистотата

Поради тоа што поголеми резервоари за AdBlue би биле прескапи, производителите се договориле да користат помали резервоари. Кога ќе се потроши оваа смеша на уреа, којашто ги развојува азотните оксиди на вода и азот, не може да се одвива ниту пречистување на издувните гасови. Тоа е зачетокот на дизел-скандалот. Истрагите веќе се во тек.

Прекршителите сами го пријавиле картелот

Доколку се докаже дека картелот навистина го иницирал дизел-скандалот, Комисијата за индустрија на ЕУ ќе бара од Volkswagen сите произведени возила да бидат подложени на сервисна акција за коригирање на издувните гасови. Од друга страна, доколку се докаже картелското здружување, скандалот со издувните гасови автоматски ги вовлекува и BMW и Daimler.

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Бидејќи договарањето во картел е забрането, судовите ќе можат да одредат сума на отштета за купувачите на возилата и за сите вмешани во скандалот. Пред извесно време беше откриено дека и неколку производители на камиони функционирале во картел. Покрај тоа што производителите мораа да платат скапи отштети кон Унијата, купувачите на камионите поднесоа барања за надомест на штета од производителите. Истото сега може да се случи и со петте големи производители на автомобили.

Висината на отштетата ќе се одредува од разликата меѓу цената во картел и цената надвор од картел. Оваа разлика, која штотуку ќе ја утврдуваат органите за заштита на конкурентноста, секој купувач на автомобил и секој вмешан во скандалот со издувните гасови ќе може да ја бара како отштета од производителите.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729