Влошениот имиџ на дизел моторите го промени расположението на германските возачи. Повеќето возачи на автомобили со дизел мотор размислуваат да преминат на друг тип на погон при изборот на следното возило, поради високата емисија на неразградливи честички и најавите за забрана за овие мотори во центрите на големите градови.
Автонацијата го губи расположението за дизел моторот. Тоа го покажуваат резултатите од последната анкета на агенцијата Forsa, според коишто само два од пет возачи на автомобил со дизел мотор планираат нивниот следен автомобил повторно да биде задвижуван од овој вид на мотор. Тројца од пет дизел-возачи ќе преминат на друг вид на мотор или се двоумат. Германската автоиндустрија стравува дека намалувањето на популарноста на дизел моторот ќе предизвика пропаѓање на инвестиции вредни милијарди евра, но и затворање голем број работни места.
Големите производители Volkswagen, Daimler и BMW посочуваат на ниската потрошувачка на гориво и на ниската емисија на СО2 на дизел моторите. Според Харалд Кригер, претседател на управниот одбор на BMW, „на чистиот дизел му претстои долга иднина.“ Истото мислење го дели и Лука де Мео, шефот на шпанската марка на концернот Volkswagen: „Доколку сакаме да ги намалиме емисиите на СО2, кратко и долгорочно не можеме да ги одминеме дизел моторите.“ Шефовите на автомобилските марки ветуваат и решавање на проблемот со прекумерната емисија на азотни оксиди, како и забрзано усовршување на дизел-технологијата.
https://automedia.mk/objavi/27525
Според студијата на кунсултантската компанија Roland Berger, уделот на дизелот во средната и вишата класа во Европа ќе се намали на една третина, односно истиот ќе исчезне кај возилата од помалите класи. Денес секое второ ново возило во Европа е дизел. Големите производители на автомобили и натаму вложуваат милијарди во оваа технологија. Според Сојузната агенција за животна средина, денешните дизели во реални услови на возење неколкупати ја надминуваат граничната вредност што ја има поставено ЕУ. Германското министерство за сообраќај бара брзо донесување заштитни мерки. Во Штутгарт и Минхен од следната година е можно да стапи забрана за постари возила со дизел мотор.
https://automedia.mk/objavi/26551
Но, голем број работни места зависат од дизелот, како кај производителите на автомобили, така и кај нивните добавувачи. Само во Bosch, со дизелот се поврзани 50.000 работни места.
Секој трет возач на дизел изјавил во анкетата на Forsa дека за следното возило ќе избере бензински мотор. Автомобилите со чисто електричен погон не се земаат предвид како алтернатива, поради ограничениот досег и високата цена.
https://automedia.mk/objavi/26284
Индустријата сепак се ориентира на електричните автомобили. Шефот на BMW, Харалд Кригер, најавува дека неговиот концерн годинава ќе продаде 100.000 електрични и плагин-хибридни автомобили. Државните субвенции се од суштинска важност за пробивот на електричниот погон. Кригер предупредува за искуствата од Холандија: „Штом субвенциите ќе се укинат, повеќето купувачи повторно посегнуваат по бензинци и дизели.“
Германија има издвоено 1,2 милијарда евра за субвенционирање на погонот на струја. До средината на април, од овој буџет се потрошени само 55 милиони евра. За 2030 година се очекува во државата да има шест милиони електрични автомобили. Во Германија моментно се регистрирани 45 милиони патнички моторни возила, од коишто одвај 34.000 возат со погон на струја.