Вести

Германија со најмалку жртви во сообраќајот во последните 70 години

Бројот на жртви по патиштата низ Германија годинава ќе се намали за повеќе од 5% во споредба со лани и со вкупно 3.280 згаснати животи во сообраќајот ќе го одбележи историскиот минимум, откако од 1950-та година во државата се води официјална статистика за бројот на жртви по патиштата.

Најлоша година во поглед на безбедноста на сообраќајот била 1970-та, по што повторно следува мало зголемување во почетокот на 1990-те години. Оттогаш „црната“ статистика бележи континуиран пад во бројот на жртвите во сообраќајот. Најниската досегашна вредност беше регистрирана во 2013-та година, со 3.339 жртви. Според засега непотврдени податоци, во годинава што изминува ќе има 179 жртви помалку отколку лани.

http://automedia.mk/objavi/26006

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729