за

Во 14 примероци, супербрз и суперскап: Donkervoort D8 GTO Bilster Berg…

Важните автомобили имаат долги имиња, па и холандскиов родстер не е ислучок: Donkervoort D8 GTO Blister Berg Edition е неговото полно име. Паричникот сепак нема да остане полн.

Холандскиот специјалист за екстремни родстери го држи рекордот на кружната патека „Билстер Берг“ во Германија со модифициран D8 GTO. Тоа не би требало да претставува изненадување покрај фактот што GTO буквално израсна на оваа патека, односно целиот негов развој и дотерување се одвиваа на оваа релативно нова, но екстремно тешка патека. По тој повод Donkervoort ја нуди ограничената серија Bilster Berg Edition, со карбонски елементи во конструкцијата, нов нос и уште поцврсто подвозје, со нови амортизери.

Како и вообичаено, D8 GTO Bilster Berg користи 2,5-литарски петцилиндарец на Audi со 380 КС. Со примената на карбон, тежината на каросеријата е намалена за десет килограми и изнесува само 685 килограми – тоа значи дека на една коњска сила доаѓаат само 1,8 килограм! Затоа и не зачудува што GTO забрзува до сто подобро и од Bugatti Veyron, односно за помалку од 2,5 секунди. Нови се и полуслик гумите, коишто Hankook ги изработе специјално за GTO. Секако дека и цената е специјална: 194.000 евра, без ДДВ, царина, акциза, регистрација… дали инвестицијата се исплатува, проверете на видеото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Километарски цртеж во песок за збогување со Land Rover Defender

McLaren со уште една рекордна година