за ,

Во Шкотска вози автомобил што работи на виски

автомобил што работи на виски

Светот го доби и првиот автомобил што користи биогориво изработено од остатоци од производство на виски. Идејата за автомобил што работи на виски потекнува од Шкотска, којашто е воедно и првата асоцијација на овој жесток пијалок.

Компанија од Шкотска, повеќепати наградувана за своите иновации и достигнувања, деновиве ги минува првите километри со автомобилот што како гориво го користи „националниот пијалок“ на земјата.

Автомобил што работи на виски е новата надеж за одржлив транспорт

Горивото е биобутанол и претставува напредно биогориво од одржливо производство. Најважното е тоа што новото гориво може целосно да ги замени бензинот и дизелот. Биобутанолот се произведува од „драф“, односно зрна јачмен што се богати со шеќери. Овие зрна се потопуваат во вода заради поттикнување на ферментацијата при производството на виски. Втората состојока е „ејл“, односно ферментиран квасест талог што содржи бакар и останува по процесот на дестилација.

Celtic Renewables при истражувањето соработуваше со дестилеријата „Тулибардин“, ангажирана под налог на Универзитетот Единбург Напиер. Од тоа произлезе процес којшто може да воведе револуција во одржливиот транспорт.

Годишно остануваат 750 илјади тони „драф“ и две милијарди литри „ејл“ од производството на виски

Секоја година од производството на виски во Шкотска остануваат 750 илјади тони „драф“ и две милијарди литри „ејл“. Celtic Renewables планира да го искористи овој индустриски отпад и да го претвори во милиони литри биогориво.

За револуцијата да успее, потребни се и неколку услови. Основниот: Примена на горивото во секојдневието. Со пробното возење на Ford Focus, со биобутанол во резервоарот, шкотските експерти докажаа дека горивото е применливо без какви било преправки во моторот на возилото.

Биобутанолот отвора простор за индустриско подрачје вредно милијарди фунти

Професор Мартин Тангнеј, основач и претседател на компанијата, коментира: „Ова е првпат во историјата, автомобил да вози на биогориво добиено од остатоци од производство на виски. Историското возење се случува во Шкотска, позната по светски прочуеното виски, но и како земја што вложува многу во одржливата енергија.“ Тангнеј верува дека се овој чекор се отвора ново индустриско подрачје, вредно неколку милијарди фунти.

Celtic Renewables неодамна доби владин грант од 9 милиони фунти, како учество во изградбата на комерцијална фабрика. Погоните во Гранџмаут треба да почнат со работа веќе в година.

Бактериската ферментација за производство на биобутанол за првпат е применета во Велика Британија во почетокот на минатиот век. Ацетонот произведен на овој начин се користел за изработка на експлозиви во првата светска војна. Поради силната конкуренција од нафтената индустрија, процесот е напуштен во 1960-те години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin Red Bull Soapbox Race

Aston Martin со специјална верзија на победничкиот V8 Vantage GTE

Електричен тротинет со знак на BMW

Електричен тротинет со знак на BMW и цена од 2500 евра