за

Во Швајцарија отворена првата пумпа за точење водород

Во Базел започна со работа првата јавно достапна пумпа за точење водород. Компанијата воедно го обнови и возниот парк со првиот камион со приколка со погон на водород во светот, како и со уште 12 патнички возила што го користат ова „гориво“ на иднината.

Компанијата Coop ја отвори првата пумпа за точење водород во Швајцарија, којашто е достапна за јавноста. Пумпата се наоѓа во градот Хунзеншвил и се снабдува со „погонскиот“ водород од блиската хидроцентрала во Арау, кадешто се произведува од фирмата H2 Energy AG без каква било емисија на штетни материи.

Coop истовремено го комплетираше и сопствениот возен парк со првиот камион со приколка во светот што користи водород како погонско гориво, како и со уште дванаесет службени автомобили, исто така со погон на водород. Компанијата од Базел најавува скорешно отворање на нови станици за водород во земјата.

Секојдневието со автомобилите со погон на водород се разликува незначително од возилата со обичен погон. Времетраењето на полнењето, досегот со еден резервоар, како и оперативните трошоци по изминат километар се речиси идентични. Најголемата и најсуштинска разлика е во тоа што погонот на водород работи без каква било емисија на штетни материи. Од издувната цевка излегува совршено чиста вода.

„Сакаме нашите деца да не знаат што е тоа бензин“

Водородот се произведува во хидроцентралата по пат на електролиза. Со користење на енергијата од хидроцентралата, водата се разложува на водород и кислород. Електролизата се врши првенствено во периодите кога оптоварувањето на струјната мрежа е најниско. При производството на водородот не се испушта ниту грам штетни материи.

Coop vodorodna stanica

Coop е компанија за трговија на мало и во последните 25 години се залага за еколошки решенија. Отворањето на станицата за водород е дел од долгорочниот проект „Дела место зборови“ и воедно 326-ти чекор во реализацијата на истиот. Пратечкиот слоган на отворањето на водородната станица гласи соодветно: „Сакаме нашите деца да не знаат што е тоа бензин.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW продаде 100.000 електрични возила за три години

Овие модели се најрасипливи според извештајот на TUV