136
19 shares, 136 points

Полицијата во Холандија наиде на несекојдневен случај. Возач на Renault Twingo е фатен со две улични бандери натоварени на покривот. Но, тоа не е неговиот единствен прекршок.

Вчера околу десет часот, полицијата во холандскиот Лелистад добила пријава за патнички автомобил со две огромни бандери натоварени на покривот. По запирањето на возилото, полицијата започнала со вообичаената постапка со проверка на возачката дозвола и сообраќајната дозвола.

Тоа што возачот на ова Renault Twingo на недозволен начин пренесувал товар на покривот е само еден до прекршоците. Полицијата утврдила дека и осигурувањето на автомобилот било истечено одамна, а веќе минале и три месеци од последниот рок за технички преглед. Возачката дозвола била прогласена за неважечка уште пред крајот на минатата година.

Дополнително на тоа, возачот пушел во возење, што е недозволено во Холандија. Кога службениците побарале да извршат алко-тест на возачот, кој инаку ги покажувал сите знаци на длабока алкохолизираност, тој одбил. Во случаи кога возачот одбива да се тестира, голема е шансата холандскиот суд да му изрече највисока можна казна за возење под дејство на алкохол. Меѓу другото.

Бандерите се украдени, горивото е наточено без плаќање

Истрагата на случајот ниту оддалеку не завршува тука. Полицијата потоа испитувала од каде потекнуваат бандерите, коишто најверојатно се украдени во Алмер. Постојат и други сомненија, меѓу другото и точење гориво без плаќање.

Осомничениот е во притвор, автомобилот е конфискуван. Дали тој повторно ќе смее да седне зад волан, откако ќе ја отслужи извесната казна, тоа е под голем знак на прашање.

Повеќе возачи го документираа овој „прекршочен подвиг“ на социјалните мрежи. На објавите се забележува присуство на уште еден автомобил. Citroen 2CV го влечело инкриминираниот Twingo до паркиралиштето. Неколкумина имале можност и да го запознаат додека седел во кафуле покрај насипот, го опишуваат како „посебен човек“.

Posted by Alexander Tennekes on Tuesday, August 1, 2017

Posted by Ben Rademaker on Tuesday, August 1, 2017


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
19 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743