Вести

Во Франција пуштен во употреба првиот соларен пат во светот

Делница од пат во Нормандија е покриена со соларни панели коишто произведуваат струја за уличното осветлување на општина со пет илјади жители. Франција најавува изградба на соларни патишта на уште неколку локации, но проектот наидува и на остри критики. Струјата добиена на овој начин е поскапа, панелите не се во оптимална положба и ефикасноста им е слаба.

Француската министерка за животна средина Сеголен Ројал вчера го пушти во употреба првиот соларен пат во светот. Со соларни панели е покриена делница во должина од еден километар покрај градот Турувре во северниот дел од Франција, по којашто сообраќајот се одвива во вообичаени услови. Вкупната површина на фотоволтаичките соларни панели изнесува 2.800 метри квадратни, што е доволно за енергијата на сонцето да се искористи за покривање на потребите од струја за уличното осветлување во општината со пет илјади жители. Француската влада обезбеди пет милиони евра за проектот. Министерката Ројал најави дека вакви соларни патишта се планираат на уште неколку локации низ земјата.

Очекуваното годишно производство на струја од соларниот пат изнесува 280 мегаватчасови, при што дневната продукција се менува во зависност од временските услови и сезоната, со максимални 1.500 киловатчасови дневно во текот на летото, односно со просечна дневна вредност од 767 киловатчасови.

http://automedia.mk/objavi/26444

Идејата е површината на патот што е наменета за сообраќај на возила да се искористи за дополнителна намена, конкретно за добивање електрична енергија. Тоа наиде на голем интерес во голем број земји низ светот, особено во регионите кадешто е важно да се задржи површината на плодното земјиште. Соларните панели можат да станат извозен хит на францускиот производител.

Струјата од соларниот пат е 13 пати поскапа отколку од конвенционални панели

Во земјите во коишто важат високи стандарди за заштита на животната средина, соларните патишта се гледаат како идна опција за обезбедување енергија од обновливи извори. Но, постои и негативна страна. Панелите за изведување соларни патишта се значително поскапи во споредба со обичните соларни панели. Тоа прави струјата добиена од нив во моментов да е 13 пати поскапа отколку струјата од конвенционални фотоволтаички колектори.

Следен проблем е тоа што ќелиите во панелите се во хоризонтална положба, за разлика од панелите што обично се поставуваат под агол на покривите од објектите. Поради тоа, аголот под којшто сончевата светлина паѓа врз ќелиите не е оптимален и нивната ефикасност е намалена. Критичарите сметаат и дека на покривите од куќите, јавните објекти и индустриските капацитети уште има доволно слободни површини за поставување соларни колектори, поради што е непотребна изградбата на скапите соларни патишта. Покрај тоа, соларните панели допрва ќе мораат да ја докажат издржливоста во реални услови на сообраќај.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729