за

Во Норвешка дневно се продаваат по 100 електрични автомобили

Во скандинавската држава во минатиот месец се продадени 3.357 автомобили со погон на струја. Првото место во овој сегмент му припаѓа на BMW i3, чијашто продажба се зголеми двојно во споредба со ланскиот април. Не отсуствуваат и автомобилите со погон на водород.

Во текот на месец април, во Норвешка секој ден се продавале во просек повеќе од 110 автомобили со батериски погон. Во земјата што е светски предводник во електромобилноста, со удел на погонот на струја од преку 35%, во минатиот месец се продале 3.357 електрични автомобили. За споредба, уделот на погонот на струја во вкупната продажба на возила на целиот европски пазар изнесува нешто повеќе од 1,3 процент.

Со 426 примероци, најпродаван модел е BMW i3, кој се враќа на првото место со речиси двојно повисока продажба отколку во истиот месец лани. Електромобилот на Баварците е воедно и најпродаван модел во првите четири месеци, со 1.513 примероци. Втор најпродаван модел на норвешкиот пазар во април е Volkswagen e-Golf со 409 примероци и со најдобар резултат во последните осум месеци, додека трет е Nissan Leaf, со 287 примероци во април.

https://automedia.mk/objavi/26704

Во сегментот на доставните возила исто така постои интерес за чистиот погон – и економичен погон, барем во поглед на оперативните трошоци, односно трошокот за струја за полнење на батериите. Во април се регистрирани 62 нови доставни возила со погон на струја, најмногу од моделите Nissan e-NV200 и Peugeot Partner EV.

Погонот на водород исто така не го одминува норвешкиот пазар. Во април се регистрирани по два примерока од Hyundai ix35 FCEV и Toyota Mirai.

Продажба на електрични возила во Норвешка

Марка и модел

јануари-април 2017

јануари-април 2016

1

BMW i3

1513

715

2

Nissan Leaf

1259

1413

3

Renault Zoe

841

539

4

Tesla Model X

727

0

5

Volkswagen e-Golf

706

1775

6

Tesla Model S

481

705

7

Mercedes B 250e

416

301

8

Hyundai Ioniq Electric

407

0

9

Volkswagen e-Up

209

297

10

Kia Soul EV

186

357

Останати

237

336

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Auto Bild: Какви се M3, C 63 AMG и IS F како користени автомобили?

Автомобилот на иднината ќе биде и шофер и батлер