за

Во есен и зима автомобилите се продаваат најскапо

Истражувањето на еден германски портал за продажба на автомобили покажа дека продавачите бараат највисоки цени кога времето застудува. Затоа се купува во пролет и лето.

Секој пазар има свои правила и законитости, а особено германскиот пазар на користени автомобили, од когошто во последниве години кај нас се увезоа неколку десетици илјади стари возила. Онлајн платформата за продажба на возила AutoScout24 спроведе истражување дали продавачите знаат кога нивните автомобили достигнуваат највисоки цени. Две третини или 68 проценти од анкетираните сметаат дека тоа се случува во пролет или лето, секој петти смета дека годишното време нема влијание врз цената на продажба на возилото, додека само 13 проценти знаат дека во есен и зима можат да ги продадат своите возила поскапо отколку во пролет или лето.

Ова варирање на цените се објаснува едноставно со фактот дека побарувачката на користени возила во зимо е поголема од понудата на пазарот, па продавачите настојуваат да профитираат од тоа и ги нудат своите користени возила на продажба токму во есен или зима. Порталот AutoScout24 редовно ги следи актуелните цени на огласените автомобили, па може веродостојно да ги утврди трендовите на пазарот.

Истражувањето покажа дека главнината од продавачите, односно 55 проценти од нив, првенствено сакаат да постигнат повисока цена на продажба, додека само 15 проценти настојуваат да го продадат нивниот автомобил колку е можно побрзо. На прашањето како ја одредуваат цената на нивните возила, 47 проценти од анкетираните одговориле дека се колебаат околу вистинската цена на продажба, пет проценти воопшто немаат ориентација. При одредувањето на цената, повеќе од две третини од испитаниците (72 проценти) истражуваат на интернет. Само околу една четвртина од испитаниците користат бесплатни совети од експерти, коишто работат под закрила на организациите за техничка контрола и исправност, како TUV или Dekra, додека најголемиот број продавачи (42 проценти) се консултираат кај дилери за користени возила. Голем дел од продавачите (29 проценти) се повикуваат на помош од пријатели и познајници при одредувањето на цената на автомобилот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Passat самостојно паркира во рикверц – со приколка!

Јахта од Toyota со два мотора од Land Cruiser