за

„Волнена Буба“ победи на собирот во Травеминде

Синоќа стартуваше деветтата „Сончева тура на Бубата“ во германскиот Травеминде. Овие Буби се оригинални: Со огромни бандажи, во дречливи бои, некои дури и со волнено крзно.

На деветтата годишна средба на вљубениците во Beetle во германскиот Травеминде пристигнаа илјадници посетители и 414 примероци од моделот преработени во оригинален стил, со што „Сончевата тура на Бубата“ е најголем собир за овој култен модел на Volkswagen. Регистерските таблички откриваа дека собирот наидува на широка прифатеност на сите страни на Европа, со возила од Белгија, Холандија, Луксембург, Данска, Англиjа, Италија, Австрија, Швајцарија, Чешка, и секако, домаќинот Германија.

vw beetle sunshine tour 1

Титулата на најубава Буба на годината ја освоија Марте и Магнус Шварц, со нивниот New Beetle Cabriolet во исплетено руво во најразновидни вои. „Работев на возилото седум месеци и потрошив 40 килограми волна“, открива победничката Марте, која за овој повод му исплела брада на нејзиниот сопруг. Имињата на возилата говорат доволно дека на учесниците на собирот не им недостига имспирација: Гламур буба, рокенрол буба, свадбарска буба, 007-буба, чарлстон буба…

vw beetle sunshine tour 3

Volkswagen го искористи собирот да качи на бина три специјални модели. Тука доживеа европска премиера iBeetle, заедно со серијата на Beetle GSR ограничена на 3.500 примероци и Beetle Cabrio Exclusive.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Civic Type R се тестира на Нирбургринг

Првиот тркачки Porsche 911 се враќа во живот