181
23 shares, 181 points

Напролет почнуваат многу активности во домот. Доградба, реновирање, нов мебел – приколка ќе биде од голема помош. Но, притоа не смее да се потценат опасностите. Патот на сопирање при влечење приколка се продолжува и до 50 проценти.

Вообичаени грешки при влечењето приколка се претоварување, стари гуми или пребрзо возење. Проблем претставува и возењето во рикверц, исто како и паркирањето со приколка. За тоа да се избегне, препорачливо е претходно да се направи куса вежба на празно паркиралиште во близина. Секако дека не смее да се заборави и на темелна проверка дали приколката е добро закачена на куката и дали приклучокот обезбедува струја за светлосната сигнализација на приколката. Мошне е важно и да се провери дали притисокот во гумите на приколката одговара на товарот. За потсетување, брзини над 80 километри на час не се дозволени.

[quote_box_right]Малите приколки со доволена вкупна тежина до 750 килограми обично тежат околу 150 килограми, односно имаат носивост до 600 килограми. Проверете во податоците дали тежината на приколката и возилото заедно уште е во дозволените граници. Пример за Volkswagen Golf VII 1.2 TSI Trendline; дозволена тежина на приколка без сопирачки 600 kg / со сопирачки 1100 kg до нагорнина од 12%; тежина на потпирање на кука 80 kg [/quote_box_right]

При влечење приколка мора да се има во предвид дека со дополнителниот товар значително се продолжува патот на сопирање. При нагло сопирање од 80 километри на час, тој обично се продолжува за 15 метри и изнесува 46 метри, што е за преку 50 проценти повеќе отколку при возење без приколка. Затоа е неопходно да се вози внимателно и со поголемо растојание од другите возила. Претоварувањето на приколката значи уште поголемо продолжување на патот на сопирање, а се зголемува и опасноста од извртување или скокање на приколката. Системите АВЅ и контролата на стабилноста не можат да помогнат многу во тој случај. Ако се почувствува опасност од губење на стабилноста на приколката, веднаш отпуштете го гасот и сопирајте внимателно.

Товарот треба да се распредели рамномерно и правилно да се обезбеди

Следна опасност е погрешната распределба на товарот. Ако во задниот дел од приколката се натовари тежок товар, задните тркала на автомобилот се растоваруваат до толку што целата влечна композиција ја губи стабилноста. Затоа треба да се почитува правилото: Тешките делови се поставуваат најдолу и по можност во средината на приколката. Потребно е да се внимава и на дозволената тежина на потпирање на приколката врз куката на возилото, којашто обично изнесува меѓу 50 и 100 килограми.

[quote_box_right]На поголема надморска височина, моќноста на моторот се намалува поради пореткиот воздух. При планирано влечење преку планински превој, дозволената тежина на товарот треба да се намали за 10 проценти од стандардната вредност на секои 1.000 метри надморска височина.[/quote_box_right]

За да се избегне дополнителна опасност, најважно е товарот да се прицврсти. Тешкиот товар се прицврстува со еластични јажиња, додека за лесни делови се препорачува мрежа за затегање. Еден од најчестите пропусти во исправноста на приколката се престарените гуми. Доколку истите се постари од шест години, потребно е да се проверат или заменат без разлика дали уште го имаат потребниот профил.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
23 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743