181
23 shares, 181 points

BMW продолжува да ја одбележува јубилејната година со визионерски возила кои се неколку децении пред сегашноста. По спектакуларните студии од BMW, Mini и Rolls-Royce, сега е ред на мотоциклите од матичната марка. BMW Motorrad Vision Next 100 е прикажан премиерно во Лос Анџелес и според визионерите на марката го претставува „големото бегство“. Кој очекува дека „визијата“ е само во дизајнот, погрешно очекува.

Главниот дизајнер на мотоциклите на BMW, Едгар Хајнрих, објаснува на што се однесува „големото бегство“, мотото под кое што визионерскиот мотоцикл е претставен во Лоџ Анџелес: „BMW Motorrad Vision Next 100 покажува како групацијата BMW го доживува возењето мотоцикл во свет поврзан во мрежа: тоа е аналогно доживување во дигитално време. Со него бегам од секојдневието. Од моментот кога ќе седнам на мотоциклот, имам апсолутна слобода.“

BMW Motorrad Vision Next 100

Мотоциклите од иднината на BMW се возат без шлем и без заштитна облека, за да се почувствуваат центрифугалните сили, забрзувањето, ветрот и природата. Тоа е суштината на мотоциклот, да ги спои човекот и машината. При дизајнирањето на „Motorrad“ користени се традиционалните обележја на марката, но се толкувани на нов начин, како во поглед на изгледот, така и во функционалноста. Тоа се однесува на црната триаголна рамка во стилот на „пионерскиот“ R32 од 1923 година, на белите линии и на класичната форма на боксер моторот – со таа разлика што место класичен боксер, тука работи „погон со нулта емисија“ – каков погон конкретно замислуваат инженерите, не се наведува.

Рамката се свиткува и ја овозможува промената на правецот

Лежишта и зглобови не се забележуваат, мотоциклот буквално изгледа како да е излеан во едно парче. Ваквиот хомоген изглед меѓу другото се постигнува и со мат црниот текстил со којшто е покриена рамката. Тоа прави логото да биде уште повпечативо, а особено кога ќе засвети во сина и бела боја при возењето.

Најголемата сензација во „мотоциклот“ е во флексибилноста на рамката. Кога се движи воланот, целата рамка се деформира и на тој начин овозможува промена на правецот. Силата за движење на воланот се менува зависно од ситуацијата. Во место силата е помала, при високи брзини е поголема.

BMW Motorrad Vision Next 100

Погонската единица само ја следи формата на традиционалниот боксер на BMW, иако станува збор за „погон со нулта емисија“ – можеби водороден погон. Боксерот исто така ја менува формата според ситуацијата. При мирување, тој е во линија со формата на мотоциклот, додека при возење, блокот на моторот излегува странично, притоа оптимирајќи ги аеродинамиката и заштитата од струењето на воздухот.

Гумите ја преземаат функцијата на амортизери и се приспособуваат на подлогата

Дневното светло е вградено во метален рефлектор над предното тркало и се состои од два елемента во форма на U. Функција на рефлекторот е да го спроведува струењето на воздухот, во комбинација со интегрираниот ветробран. Седиштето, облогата на рамката и калниците се изработени од карбон. Под седиштето се две црвени светла, кои со формата на двојно C го следат стилот на денешните мотоцикли на BMW.

BMW Motorrad Vision Next 100

Уште една сензација се гумите. Тие располагаат со приспособлив профил, односно се менуваат зависно од подлогата, преземајќи ја функцијата на амортизација. Во отсуство на кабли, прекинувачи и инструменти уште повеќе се забележува црвената рамка на десниот крај на воланот, намерно изведена како „механички елемент“, со фунција да ја блокира или ослободи рачката за гас – исто како во старите времиња. Рачките што се свртени нанадвор исто така се цитат од историјата на мотоциклите.

Мотоциклот балансира самостојно дури и откако возачот ќе се симне

BMW Motorrad VISION NEXT 100 сепак е дел од дигиталниот свет, со изобилство од системи за асистенција, кои не само што умеат да предвидуваат, туку и му укажуваат на возачот како да постапи во критична ситуација, односно и самите интервенираат. Со тоа отпаѓа потребата од заштитна облека или шлем. Не е изненадување тоа што мотоциклот балансира самостојно и во возење и во место – мотоциклот балансира дури и откако возачот ќе се симне. Според BMW, незгодите стануваат минато. Секако дека системите за асистенција се грижат и за врвни возни својства.

BMW Motorrad Vision Next 100

Информациите на возачот му се прикажуваат преку визор, односно очила со функција за заштита од ветар. Визорот ги проектира само најважните податоци директно во видното поле на возачот, во четири подрачја, коишто се прикажуваат зависно од висината на погледот. Кога возачот гледа право пред себе, информациите не се прикажуваат, заради целосна концентрација на возењето. Само кога возачот ќе го помести погледот, информациите се појавуваат соодветно.

Идеалната линија и наведнувањето се прикажуваат во визирот

Дел од иднината според BMW ќе биде и прикажувањето на идеалната линија и на наведнувањето на мотоциклот, како и разни предупредувања. Идеалната линија се прикажува слично како во авионски кокпит, заедно со моменталното наведнување. Доколку возачот не реагира соодветно, мотоциклот интервенира самостојно. На тој начин и почетниците ќе можат уште од старт да се снајдат во „новата“ средина.

Кога возачот ќе погледне нагоре во визорот, ја добива функцијата на „ретровизор“, односно гледа што се случува зад него. При спуштање на погледот се отвора мени, со коешто се ракува преку гестикулација со прстите. Уште едно ниво пониско и се појавува навигацијата.

Во визиите на моторџиите на BMW не отсуствува ниту облеката. Таа е во класичните бои, црна и бела, со можност за климатизација на телото и со дијагонален патент, во стилот на старите времиња. Флексибилната структура на облеката и на чизмите се инспирирани од мускулите, активно помагајќи му на возачот во одредени ситуации во возењето, заради смалување на напрегањето. При повисока брзина, крагната се надувува, заради растоварување на ‘рбетот. Варијабилни отвори се грижат за вентилација. Облеката нема безбедносна функција – за безбедноста се грижат системите за асистенција.

Сензори ја одредуваат работата на климатизацијата во облеката

Тоа е сé? Ниту оддалеку. Во облеката се наоѓаат сензори што ги мерат на пример пулсот и температурата, заради соодветна климатизација во одредени ситуации во возењето. Вибрирачки елементи на рацете и нозете работат според навигацијата или укажуваат дека е достигната максималната наведнатост на мотоциклот. Возачот и машината во една целина, буквално.

Со толку иновативен материјал во себе, BMW Motorrad VISION NEXT 100 заслужува да му се посвети цел филм. Што веројатно и ќе се случи. Да нема двоумење. Последниот мотоцикл што ќе вози на планетава, сигурно ќе биде BMW.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

BMW Motorrad Vision Next 100

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
23 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743